Реклама
CelebrityХоливуд

Скандалозни озборувања се шират за нејзиниот сопруг, а нејзината драстична промена на имиџ ги запрепасти фановите

Реклама

Актерката Мила Кунис е едвај препознатлива со својата нова боја на коса.

Американската актерка Мила Кунис со години е на списокот со најубавите жени во светот, а секогаш во јавноста и беше позната како заводлива бринета со долга брановидна коса и темни очи. Убавицата, позната по елегантните креации на црвениот тепих, не сака да биде претерано распрашувана за нејзиниот приватен живот, а ги зачуди фановите со нејзината драстична промена на стилот.

Поточно, папараците ја снимале Мила како шета на паркингот со нејзината нова боја на коса. Актерката се претвори во платина русокоса со тиркизни прамени. Со оваа голема промена на имиџот, многумина на улица не би ја признале, а веднаш започнаа шпекулациите зошто убавицата реши после толку години да експериментира со нејзиниот изглед.

Маркетинг

Првата можност е дека таа мораше да го стори тоа за улога, а втората, попровокативна, е секако дека станува збор за одговор на скандалозните приказни што деновиве се зборува  за нејзиниот сопруг Ештон Качер.

Деми Мур откри во својата биографија низа валкани детали од нејзиниот брак со Качер, па можно е младата Мила да не го носи озборувањата на оргиите во кои наводно учествувала нејзиниот сопруг. Ештон и Мила се едни од најмалку медиумски изложените холивудски парови и молчат за нивната врска, така што никој не може да каже засега што точно се случува во нивните животи.

Маркетинг

Фото: Profimedia

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button