Реклама
Нега и здравје

СИ ЈА МРАЗИТЕ РАБОТАТА? Ова се сигналите кои вашето тело ви ги дава и не треба да ги игнорирате!

Не смеете да ги занемарите знаците на телото кои ви даваат сигнали дека нешто не е во ред.

Реклама

Секој ден морате да одите на работното место кое што ви претставува  незадоволство, ви предизвикува нервоза, лутина и бес?

ФОТО: vision.org.au

Доколку си ја мразите работата вашето тело апсорбира се и не останува рамнодушно на овој секојдневен стрес.

Кај секој човек се јавува нерасположение, тоа е сосема нормално да имате понекогаш лош ден на работа, но доколку ова се случува пречесто  тогаш морате да промените нешто. Или себеси или работата!

Маркетинг

Не смеете да ги занемарите знаците на телото кои ви даваат сигнали дека нешто не е во ред.

Маркетинг

Книгата „Умирање за плата“ од Џефри  Фајфер, професор на универзитетот  „Станфорд“ открива дека лошиот менаџмент во американските компании е голем фактор за  8 % од  здравствените трошоци на работниците и 120.000 граѓани во годината  умираат токму поради стрес на работните места.

„120.000 смртни случаи на годишно  се поврзани со лошото менаџирање низ компаниите во државата“ пренесува The Huffington post.

rabota1

Доколку вие не сте свесни за тоа каков стрес преживувате на работа, вашето тело и тоа како знае и ви дава знаци кои не треба да ги игнорирате.

НЕ МОЖЕТЕ ДА СПИЕТЕ

Сонот не ви доаѓа затоа што премногу размислувате за вашите обврски, листата на работи кои ве чекаат наредниот ден. Дури се случува и да се разбудите среде ноќ мислејќи на нешто повзрано со работата. Ако се работи за неколку бессони ноќи, не страшно, но доколку серијата на неспиење продолжува константно тоа е веќе знак дека преживувате стрес од работа.

ГЛАВОБОЛКА

 

Кога на работното место гледате како на опасна зона, мускулите на телото ви се напрегаат, а не сте ни свесни за тоа . Хронична напнатост на вратот, рамениците и главата може да биде поврзана со мигрена. Но и стресот  предизвикан од нешто создава физички симптоми, а тоа се манифестира со болка.  Обрнете внимание кога ве боли глава што сте правеле тој ден и ќе го пронајдете одговорот.

ВООБИЧАЕНО ИМАТЕ БОЛКА ВО МУСКУЛИТЕ

Кога вашата работа е „отровна“ тогаш можете да се чувствувате до толку физички уморно, како да сте се бореле со диво животно. Кога сте под постојан притисок од претпоставениот вашиот мозок го преплавува адреналин, па затоа нека не ви биде чудно доколку дојдете дома нервозни и викате за непотребни работи.

nastinka

ЧЕСТО СЕ РАЗБОЛУВАТЕ

Доколку многу често настинувате, преиспитајте се како се чувствувате на работа. Лошата работна атмосфера влијае врз вас стресно, а стресот го намалува имунитетот.

ГУБИТЕ ИНТЕРС ЗА СЕКС

Ако сте од оние луѓе кои проблемите од работа ги носат дома, тогаш интимниот живот може да трпи. Едно психолошко испитување покажало дека жените ако имаат лош период  на работа губат желба за секс.

ФОТО: crosswalk.com

 

ПОСТОЈАНО СТЕ УМОРНИ 

Се работи за оној умор  влезен во коски. Не можете да го совладате ниту со спиење, ниту со лежење и со денови се чувтвствувате истоштено.

ПРОМЕНА НА АПЕТИТОТ

Не забележувате , но почнувате да јадете нездрави оброци, нередовна храна, но и апетитот за благо ви е зголемен.

cokolado1

Овие знаци ви укажуваат на вашето незадоволство од работата, за да не дадете одма отказ, пробајте со тоа што ќе почнете да правите почесто кратки паузи, трудете се да се смеете почесто во слободно време,  закажете си масажа, правете прошетка во природа, почнете да јадете повеќе зеленчук и овошје, обидувајте се што поретко да зборувате за работата ,пијте чај за смирување пред спиење, појдете во кино или театар…

nastinka

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button