Реклама
Вести

СИ ИГРААТ МАЈТАП: Мајката на Вања побара помош, а под објавата за ИСЧЕЗНАТОТО девојче пишуваат глупости

Меѓу коментарите ќе најдете и еден како напишал „Вања е жива и здрава, еве ја кај нас“, по што меѓу дел од медиумите се прошири дезинформација дека девојчето се наоѓа во соседна држава.

Реклама

Зорица Ѓорчевска , мајката на исчезнатата Вања од Скопје, „нема крв“ во неа од грижи каде е ќерка ѝ. Таа  пред три дена на нејзиниот ФБ профил побара помош од граѓаните бидејќи не може да ја најде.

Четиринасетгодишното девојче го напуштило домот во 7 и 20 за да оди на училиште, но не се појавило на час. Откако мајката добила повик од класната на Ваања, се обидела да ја добие многу пати на мобилен, но девојчето било недостапно.

Маркетинг

Потрагата по Вања трет ден трае со засилена и интензивна полициска истрага, но ни траг ни глас од Вања.

Фото: МВР

Во меѓувреме мајката не доби мир. Таа го остави мобилниот телефон јавно, со цел да ја побараат оние кои имаат некакви информации кои би помогнале во пронаоѓањето, но луѓето го злоупотребуваат тоа.

Маркетинг

 

Ми се јави новинар и ми се претстави како инспектор, со цел да извлече повеќе информации, рече во интервју за „Фокус“, Зорица.

 

-Не читам што се коментира на социјални мрежи и гледам дека најмногу згрешив што го оставив мојот број, кога го објавив апелот за Вања. Требаше да апелирам сите кои нешто знаат да се јават директно во полиција. Но, кој да знаел… Многу шпекулации и невистини, еве повторно кажувам дека ќерка ми е примерно дете, секогаш отворена, сакана и почитувана од школските другари, немаме непријатели, се беше во ред во нашите животи. Со нејзиниот татко сме во нормални односи, значи се функционираше нормално, нема место за никакви теории- појаснува мајката.

 

Во меѓувреме се нижат коментарите под објавата на мајката за исчезнатото девојче. Дел од нив се молат за поскоро пронаоѓање, дел нудат предлози за како да се најде, дел, пак поставуваат излишни прашања од типот на „Зошто мајката сменила фотографија, каде е таткото во целата приказна и сл.

Меѓу коментарите ќе најдете и еден како напишал „Вања е жива и здрава, еве ја кај нас“, по што меѓу дел од медиумите се прошири дезинформација дека девојчето се наоѓа во соседна држава.

Во пролдожение еве дел од недоличните коментари и препукувања помеѓу корсиниците на социјалните мрежи зад овој трагичен настан.

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Гламур.мк повикува на етика и воздржување од коментар кој е недоличен, ширење на шпекулации, злоупотреба на телефонскиот број на мајката и доведување во заблуда. Доколку можете да помогнете во истрагата завртете 192.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button