Реклама
Наши ѕвезди

Си ги спакува куферите и ЗАМИНА ОД ЗЕМЈАВА – еве каде живее и како изгледа денес македонската водителка

Реклама

Водителката Катерина Групче сите ја паметиме по проектот на Македонската телевизија насловен како „Талкачи“.

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Оаа емисија може слободно да се каже дека е еден од најуспешните проекти на телевизијата, а се емитуваше од 2011 до 2015 година. Снимањето и емитувањето на „Талкачи” на националната телевизија беше од големо значење за промоција на градовите и другите места низ државата, како и нивно ставање во функција на туристичката понуда на регионите каде тие се наоѓаат.


Заедно со нејзиниот колега Илија Грујовски во секоја наредна емисија го доловуваа духот на македонската традиција и обичаи, преку посетувањето на различни места во Македонија.
Тие буквално ги покажаа сите убавини на Македонија, кои луѓето ретко или скоро никогаш не ги посетуваат.
Тешко проодни планини, непосетени и заборавени села, места за кои луѓето никогаш не слушнале, а се наоѓаат во нашата земја. Катерина и Илија беа вистински амбасадори на нашата земја.

Маркетинг
ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Преку нивната емисија можевме да ги видиме местата кои можеби никогаш нема да ги посетиме, но за кои треба да се знае. Емисијата престана да се емитува, но публиката и тоа како е жедна за вакви проекти. Во време ког гледаме само турски серии и емисии од странски продукции, дефинитивно недостасува нешто квалитетно од македонските продукции.

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Освен во новинарството, Кате одлично плови и во музичките води. Освен што е успешна во кариерата, таа долги години плови во брачните води со нејзиниот сопруг Арслан Арсланов. Плод на нината љубов е малиот Адам.

Маркетинг
ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Нејзиниот авантуристички дух не ја задржа во земјава, па Катерина одлучи да ја напушти земјава. Таа замина, но публиката не ја заборава.
Групче заедно со својот сопруг и синот жиее во Германија, Аахен каде започнала целосно нов живот. Аахен се наоѓа на тромеѓето меѓу Белгија, Холандија и Германија. Освен по автомобилската индустрија и термалните води, познат е како аристократски и уметнички град.

Во интервју за „Женски магазин“ водителката откри како е да се остави сѐ зад себе и да се започне живот во поразлична земја.
Таа изјави дека секако сѐ уште ѝ недостасуваат дружбите со колегата Илија.
Но, љубовта кон камерите кај неа не згаснала. Продолжила да снима спотови за компании, била уредник и на информатиен магазин за бегалци и воела 7-месечен филмски проект со деца.

Како и секој почеток и нивниот бил тежок, но многу брзо се вклопиле во новиот систем.
-Мојот сопруг, по потекло од Штип, работеше како педагог во камп за бегалци во смени. Се случуваше со денови да не се сретнеме. Ни недостасуваа дружбите, викендите и чаршиските муабети. Впрочем, Германија, особено Северна Рајна Вестфалија, не е за оние кои сакаат секојдневно да пијат кафе во чаршија и да одат неделно на фризер. Едно Лате Макиато во Аахен чини 4 евра, а најобично шишање најмалку 50 евра.Освен што е скапо, кафесувањето ни стана едноставно губење време. И двајцата сме уметници. Мојот сопруг е сликар, а музката ни е заедничка љубов – вели таа за „Женски магазин“.

Пред да настапи пандемијата, Катерина пеела во црковен хор, и повеќе шетала и одела на културни настани како што се исложбите, заедно со сопругот.
Во светот на госпел пеењето ја вовела Анет-Марија Галевска, млада талентирана музичарка која го предводеше Скопје Госпел Хорот во Македонија.
По нејзиното заминување од овој свет, водителката ѝ сподели видео од нивниот настап, на кој напиша емотивна порака.

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

-Драга Анет, чест ми беше да пеам со тебе. Ти благодарам што ме воведе во светот на Госпелот, кој ми даде утеха во животот и не само на мене, туку на сите штоо пееја во овој хор. Ја најдовме утехата во пената кон Бог. Твојата мисија за жал тука заврши, но ти остави голема трага и порака зад себе која ќе продолжи да живее и да се раскажува од генерации на генерации. Почивај во мир, нека ти подари Бог небесно царство со ангелски хор, напиша водителката.

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Како што информираше водителката, Германија е повторно во карантин.
Но, како што раскажа, луѓето се исклучително хумани, па доколку некој е болен пред вратата му остваат кошнички со храна и лекови. Најтешко ѝ паѓа тоа што цела година таа и сопругот не си ги виделе родителите во Македонија.
Иако за многумина 2020 година беше една од најтешките години, некој изгуби член од семејството, а некој работа, за водителката сепак била инспиративна и мотивирачка.
Периодот на карантин таа го искористила да биде продуктивна на професионален план.

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

Сега таа започнала да пишува книга за искуствата во бегалскиот камп, а во меѓувреме снимиле и уште една песна во нивното домашно студио. Но, нивната борба не запира тука. Амбициозни и упорни, таа и сопругот запишале вонредни студии. Тој график дизајн, а таа проект менаџмент.

Иако не најави враќање во земјава, сигурни сме дека нејзината публика би била пресреќна доколку водителката се врати на македонската сцена со некој интересен проект кој повторно ќе ги воодушеви гледачите.
На социјалните мрежи е доста активна и редовно споделува фотографии од нејзиното семејство и животот во Германија.
Во продолжение погледнете ги нејзините фотографии:

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

ФОТО: Кејти Групче / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Tags

Поврзано

препорака
Close
Back to top button