Реклама
Наши ѕвезди

Сите ја паметите Кате „Нели ти реков“, погледнете како изгледа денес – ќерка ѝ е НЕЈЗИНА КОПИЈА

Реклама

Пејачката која со право го носи епитетот „македонскиот славеј“, Катерина Танева Ѓорѓиев може да се каже дека е една од пејачките со најубав глас на македонската музичка сцена.

ФОТО: Принтскрин

Во јавноста е позната како Кате „Нели ти реков“ поради групата која го носи истото име, а со која на музичката сцена е присутна повеќе од 20 години.

Учествуваше на сите познати фестивали во Македонија, освојуваше многу награди и секогаш пленеше со својот вонсериски глас.

Маркетинг

Вистинско уживање е да се слуша Кате во живо, а тоа го потврдуваат сите кои присуствувале на нејзините настапи.

ФОТО: Принтскрин

Таа ги испеа најголемите хитови, меѓу кои најпознат е „Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Република Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Маркетинг

Пејачката веќе подолго време е повлечена од јавниот живот и ретко се појавува во емисии и не дава интервјуа. Многу малку се знае за нејзината приватност, а на социјалните мрежи не е многу активна.

ФОТО: Принтскрин

Она што ѝ е познато на јавноста е тоа дека пејачката живее во Скопје, во населбата Припор, заедно со сопругот и ќерката.

Неодамна екипа на Канал 5 телевизија беше во посета на домот на Кате, каде таа им покажа дека освен што е одлична пејачката, таа е и одлична домаќинка. Пејачката готвеше пред широкиот аудиториум и ги покажа своите кулинарски способности.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи- откри Кате.

ФОТО: Принтскрин

Таа во интервју за Вечер.прес откри која Нова Година ќе ја памети засекогаш.

Во далечната 2011 година, Кате за новогодишните празници била во Австралија, каде од тага по своето семејство, олабела цели 8 килограми.

„Тогаш пеев во далечната Австралија, а таму во ова време во декември-јануари е топло лето. Мене тоа ништо не ми значеше, а сакам лето, тогаш како да го мразев само затоа што постојано ме мачеше пустата тага за враќање дома, да можев ќе ја прекинев турнејата и со првиот авион ќе се вратев.

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

Јас сум таков тип кој тешко се убедува да замине од дома, а не па во некоја си Австралија за која со право велат комшиите дека ни е од Балканот “Богу иза ногу“! Одвај ги издржав тие два месеци, скоро ќе полудев толку раздвоена од моите деца, од сопругот, од роднините, пријателките. Со саати висев постојано на интернет. Ноќите ми беа најстрашни.

Иако во Австралија кај домаќините ми беше преубаво јас ни еден ден немав насмевка на лицето. Како да имав постојано некои големи грижи, дури и 8 кила ослабнав од пуста тага за дома, а да имав некои грижи, навистина немав. Се насмеав прв пат после два месеца, токму на тој ден на аеродромот во Австралија, кога видов дека навистина се враќам во Македонија.

Домаќините не можеа да ми се изначудат. Јас не престанував да се смеам. Како некој да ми раскажуваше вицови. Таква сум си, не можам да се сменам… Кога најпосле слетавме во Скопје јас бев уште посилно насмеана, пресреќна кога ме пречека мојот сопруг, па кога ме виде тој на шега ми забележа: „Многу си ослабела, јас пак ќе те пуштам во таа Австралија“. Ох, не, си реков онака повеќе за себе. Толку долго раздвоена од моите најмили, од родната земја, никогаш повеќе“, раскажа Кате за Вечер.прес..

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

Она што мора да се признае, судејќи според фотографиите објавени на нејзиниот Фејсбк профил, времето како да запрело за Кате. Таа воопшто не е променета од младоста до сега, изгледа исто.

Доколку ги споредите фотографиите од некогаш и сега, кавадарчанката Кате се уште плени со својот шарм, широка насмевка од блесаквото лице.

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

Кате како да не старее, таа денес изгледа многу подобро од порано. Она што сите го воочуваат е тоа дека нејзината ќерка Ларита премногу наликува на неа. Гордата мајка чето споделува фотографии од нејзината ќерка и синот Марко, а во коментирите секогаш добива пофални зборови и пораки дека премногу личат на неа.

Погледнете неколку фотографии од нив:

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

 

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

 

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

 

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук
ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

 

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

 

ФОТО: Катерина Танева Ѓорѓиев / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button