Сите ја знаеме од македонските народни приказни, но на улица не би ја ПРЕПОЗНАЛЕ – природна убавица која ужива во мајчинството
Во македонските народни приказни младата македонска актерка најчесто е со врзана марама на главата и е облечена во стара македонска облека, па ретко кој би ја препознал на улица, во потполно нормално издание.
Македонска актерка Ирена Илиевска нашата публика ја запозна преку македонските народни приказни.
Таа глуми и во многу познати театарски претстави, а својот глас го позајмува и во синхронизираните турски серии.
Шармантната актерка заврши глума во класата на професорот Владимир Милчин и Сузана Киранџиска, а е во брак со ракометарот Михаил Петровски меѓу соиграчите познат како Пинки.
Илина пред нашите гледачи е најпозната по народните приказни во продукција на Канал 5 телевизија, кои публиката со воодушевување ги гледа и имаат оставено безброј запаметени ликови зад себе.
Една од нив е и Ирена, која во сериите најчесто игра убава, мудра и итра девојка која лесно го добива она што го сака.
Но бидејќи во сериите носи стара традиционална македонска облека, ретко кој би ја препознал кога би ја сретнал на улица, во секојдневно издание.
А како таа изгледа кога не е пред камерите, во опуштено секојдневно издание, погледнете во продолжение…
Инаку, ракометарот ја запроси познатата актерка пред две години, на Малта, каде беа на новогодишно патување.
По една година од запросувањето се случи и круната на нивната љубов, а тоа е нивната ќеркичка Ева.
Ирена за многу кратко време по породувањето повторно се врати во форма, а од нејзините објави на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека ужива во својата нова животна улога како никогаш досега.
Фото: Фејсбук/ Ирена Илиевска
Фото: Фејсбук/ Ирена Илиевска
Фото: Фејсбук/ Ирена Илиевска
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Канал 5
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Канал 5