Сите се изненадени од честитката на Немања Гудељ до Цеца: Не се појави на прославата, а еве што напиша по повод роденденот на пејачката!
Немања не присуствуваше на роденденот...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во луксузната вила го прослави јубилејниот 50-ти роденден со семејството и блиските пријатели.
Таа вчера доби бројни честитки на нејзиниот Инстаграм профил, а особено се истакна онаа од нејзиниот зет, фудбалерот Немања Гудељ.
Избраникот на Анастасија на својот Инстаграм сподели фотографија со Цеца на која ја прегрнува мајката на својата избраничка.
– Среќен роденден на оваа неверојатна жена. Мојата Цеци – напиша Немања.
Фудбалерот моментално е во карантин со српската репрезентација па не можеше да присуствува на забавата по повод јубилејниот роденден на пејачката.
Иако за медиумите истакна дека нема да го прослави својот јубилеен 50- ти роденден поради загубата на внуката, сепак Цеца се предомисли.
Цеца со месеци ја подготвуваше роденденската прослава во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, но решила да ја откаже оваа прослава поради се што и се случило на нејзината ќерка Анастасија која се уште се опоравува од загубата на своето бебе.