Реклама
Вирално

Сите сакаат да го дознаат одговорот на ова прашање: Дали крвната група го намалува ризикот од зараза со коронавирус?

Реклама

Според прелиминарните податоци од студијата спроведена врз повеќе од 750.000 испитаници кај лицата со крвна група 0 ризикот да се заразат од коронавирус е од 8 до 19 отсто помал во споредба со останатите крвни групи.

krv2

Резултатите од ова истражување кое го спроведе калифониска компанија за биотехнолошки истражувања, 23andMe, лицата со нулта крвна група се изложени на понизок ризик од зараза од коронавирус, пренесува Фајненшл Тајмс.

Маркетинг

Истражувачите од 23andMe открија варијанта на генот АБО, поврзана со крвна група, која може да биде одговорна за тоа што луѓето со нулта крвна група се со помал ризик од инфекција со коронавирус.

Студијата сè уште не ја помина рецензијата.

Маркетинг

Истражувачите од оваа компанија велат дека нивното откритие би можело да биде значајно зошто ковид-19 е поврзан со коагулација на крвта и кардиовакуларни болести.

Истражувањата се во тек. Се надеваме дека тие ќе придонесат за подборо разбирање на разликите во начинот на кој луѓето реагираат на вирусот, велат тие.

Резултатите на овие студии се поклопуваат со други истражувања според кои крвната група може да има значајна улога во однос на чувствителноста на поединци на вирусите.

И кинеска студија, чии резултати се објавени во март покажа дека лицата со крвна група 0 се поотпорни на коронавирус, за разлика од оние со крвна група А, кои би можеле да бидат изложени на поголем ризик.

Научниците ширум светот истражуваат дали може генетиката да даде одговори на отворените прашања за ковид -19, како и на прашањето поради што кај некои луѓе се развиваат многу потешки симптоми на болеста.

Компанијата 23andMe комбинира база на податоци кои ги собрала со директна продажба на генетски тестови на купувачи и анкетите кои ги спровела меѓу нив.

Тука се вклучени и податоците за тоа дали се тестирани на вирусот или биле хоспитализирани поради зараза од корона, како и податоците за природата на нивните симптоми.

Научниците од оваа компанија, пред појавата на ковид-19 открија поврзаност меѓу различни типови на крвни групи и нивната подложност на некои заразни болести, како на пример – маларија. Велат дека од порано се знае дека постои поврзаност меѓу крвните групи и некои други болести и некои други вируси.

Во секој случај потребни се дополнителни истажувања за со сигурност да се тврди дека некој оправдано, врз база на својата крвна група позагрозен или позаштитен од болеста предизвикана од коронавирусот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button