Сите плачеа поради нејзината судбина: Данијела Мартиновиќ остана без она што најмногу го сакаше но животот и врати со нова шанса за љубов
Данијела сега е во среќна врска со Јосип...
Болката на Данијела Мартиновиќ поради раскинувањето со Петар Грашо беше број еден вест во сите медиуми.
Кога се дозна дека Петар Грашо се оженил со Хана Хуљиќ, првото нешто на кое многумина помислија е моменталната болка на Данијела Мартиновиќ, поранешната на пејачот.
Поп-ѕвездата која зад себе има бројни хитови најпрво не се појавуваше многу, во медиумите се појавија нејзини стари изјави, пред се, за мајчинството и дали и колку е всушност тажна за поранешниот и неговата нова избраничка.
Сето тоа Данијела Мартиновиќ го правеше за да не ја покаже својата болка, не сакаше да се експонира јавно по разкунувањето на дводецениската врска.
Фактот дека поранешната љубов, со која помина две и пол децении, се ожени за Хана која е ќерка на еден од најдобрите пријатели на Грашо, сигурно бил поразителен за поп-ѕвездата, која за време на нејзиниот живот и кариера немаше многу вакви паузи.
Данијела неодамна откри дека е заљубена и среќна. Се чини дека таа конечно ја пронајде својата сродна душа, инспекторот Јосип.
-Јас и Јосип сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум многу добра во разговорот, но навистина сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште, изјави за 24sata.hr пејачката Данијела Мартиновиќ (51).
– Секое предвидување или планирање во животот би било смешно бидејќи тој е чудесен. И му се фрлив како параглајдер. Отворена сум за сите опции – рече сплиќанката.