Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа преубавиот прстен со кој шармантниот виолинист од Македонија клекна и ја запроси својата сакана Анастасија

Реклама

Најшармантниот и најдобриот виолинист во моментов во Македонија со своите фанови сподели прекрасна вест.

Илија Филиповски важи за исклучително добро воспитан, културен и секогаш насмеан. Со својата виолина успева да ја крене на нозе целата публика.

Маркетинг

Со прекрасната насмевка успева да ги освои женските срца.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Но, неговото срце го има освоено само една. Имено, тој неодамна со своите фанови сподели дека ја запросил својата долгогодишна девојка Анастасија, а пред неколку дена сподели и фотографија од која можеме да видиме како изгледаше неговата сакана на веридбата.

Маркетинг

Запросувањето се случило на Матка, а фотографија од запросувањето на која во прв план е вереничкиот прстен сподели на социјалните мрежи.

„Таа рече ‘да’. Те сакам Анастасија“, напиша музичарот, кој ретко објавува фотографии со девојката.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Анастасија инаку по потекло е од Охрид, па Илија сега ќе стане охридски зет.

ФОТО: Анастасија Лотеска / Фејсбук

Тие деновиве направија и веридба.

На социјалните мрежи споделија фотографии од веселбата на кои и двајцата изгледаат одлично.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Под фотографиите не престанаа да се нижат честитки и коментари со убави желби.

ФОТО: Анастасија Лотеска / Фејсбук

Скоро и не постои пејач од македонската естрада, и поп и фолк изведувач, со кој Илија нема соработувано, па и самиот вели дека е време можеби да се поместат границите во странство.

Веќе три години тој е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ .

ФОТО: Анастасија Лотеска / Фејсбук

Сите активности во „Танец“ се наутро, па токму затоа навикнал да биде и ранобудник.

Освен со „Танец“ Илија е ангажиран и со групата „Маестро“.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Маестро е музички состав од Скопје, Македонија – кој настапува на сите видови свечености и прослави: свадби, крштевки, веридби, деловни прослави и др. Покрај македонската народна музика, групата Маестро негува и македонска, балканска и светска забавна музика и е една од ретките во Македонија кои можат да ги задоволат сите вкусови со богатиот и разновиден репертоар. Кога станува збор за интерпретирањето на македонската традиционална народна музика, четворица членови од групата Маестро: Илија Филиповски – виолина, Александар Тренкоски – кларинет, Војче Петрушев – хармоника и Трајче Ристов – ударни инструменти, се дел од оркестарот на „Зајди, зајди” под раководство на маестро Милан Завков.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Маестро на сцената е веќе 9 години, а Илија во интервју за емисијата „Магазин“ на Сител телевизија откри што е најголемиот успех на групата.„

Успех е што упеавме воопшто да се задржиме како група. Успех е тоа, тоа што сме барани, допрва очекуваме албум да издадеме со инструментална музика, допрва мислам дека ќе следи кулминацијата на групата“, кажа Илија.

Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека тој и хармоникашот Војче Петрушев со кој заедно се дел од групата се поврзани и на друг начин, односно Илија му е кум на Војче.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Освен во Масетро и двајцата се ангажирани и во „Танец“. Освен што се пријатели, Илија и Војче дури и физички наликуваат, па велат дека луѓето и на свадби многу често ги мешаат.

Мора да се признае дека луѓе кои се постојано заедно, умеат и за ситници да се скарат. но Војче и Илија могу добро знаат да поминат и низ кавгите што одвреме-навреме ги имаат и да одржат одлична комуникација.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Велат дека најчесто се караат за доцнење. Секогаш тој што доцни е Илија, па после тоа знае да се случи и по некоја мала кавга.

„Многу е тешко да се одржи пријателство, посебно затоа што сме со многу работи поврзани. Голем предизвик е да се сочува другарството. Како пријатели ако не си ги прифатиме и маните и доблестите нема да успееме“, вели Илија.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Поради вирусот Ковид 19, затворени беа сите угостителски објекти во земјава, а музичарите немаа никакви ангажмани.

Илија откри што правеа тој и останатите членови на групата Маестро во овој период кога нема свирки.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

„Помина 1 година од последната свадба на која свиревме. Многу тежок период за нас во смисла дека музиката е јавна профсија и сакаме тоа што го знаеме и умееме да го презентираме во јавност. Овој период го користиме максимално за снимање во студио. Не сме излезени од студио веќе една година. Ни се погоди овој слободен период, односно короната да ја искористиме за снимање.“, изјави Илија во едно од неговите неодамнешни интервјуа.

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

Погледнете ги и останатите негови фотографии…

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм
ФОТО: Илија Филиповски / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button