Реклама
MAMAКафе муабет

„Сите имаат премногу облека. Носи го тоа што го имаш и престани да купуваш уште“

Реклама

Енди Андерсон е 99-годишниот прадедо кој споделил важни лекции, кои благодарение на неговата внука, допреа до многубројната интернет публика.

Никогаш не биди премногу добар за да започнеш од дното.

Вежбај секој ден, дури и кога не си расположен за тоа.

Маркетинг

Не троши повеќе пари отколку што заработуваш.

Пиј сок од портокал секој ден.

Маркетинг

Љубовта на прв поглед не е измислица.

Подобро е да имаш лоша работа одошто да немаш никаква работа.

Јади околу мувлата, не фрлај храна непотребно.

Семејството е најскапоценото нешто што ќе го имаш во животот.

Јади колбас секојдневно – за мене тоа се покажа како добра тактика.

Твојот живот е деликатен и ако се занемариш себеси, ќе се расипеш. Тоа ми е поука од сирењето.

Не плаши се да бидеш тоа што навистина си.

Сите имаат премногу облека. Носи го тоа што го имаш и престани да купуваш уште.

Мораш да бидеш способен да простуваш, дури и кога ти е тешко да го правиш тоа.

Штеди пари сега, троши ги подоцна.

Љубовта не е лесна, понекогаш мораш да работиш на неа.

Во секоја ситуација пронаоѓај нешто комично.

Ако си соочен со проблем, не го одложувај пронаоѓањето на решение. Но, ако нема начин да го решиш, мораш да го заборавиш.

Прави го тоа што го сакаш. Не плаши се да ги следиш соништата кои ги имаш за себе.

Образованието е важно, но не неопходно. Самиот живот може да ти биде учител.

Истражувај го својот свет и остани љубопитен.

Поврзано

Back to top button