Наши ѕвезди

Сите зборуваат за необичната проѕирна чанта што Северина ја носеше на премиерата на „Последниот Србин во Хрватска“

Advertisement

Впечатливиот розов фустан што Северина го носеше за дочек на Нова година кога беше со сопругот на одмор на Малдивте го „фураше“ и вчера, на премиерата на филмот „Последниот Србин во Хрватска“.

Advertisement

Во прашање е впечатлив розов фустан со големо кристално срце кој го носеше на премиерата на зомби комедијата, а целото издание го зачини со проѕирна чанта од Валентино за која треба да издвоите 1680 евра.

Што се однесува до фустанот, во прашање е модел од „Alessandra Rich“ кој чини 2241 евра, а целото издание го заокружи со салонки со високи потпетици во слична нијанса, едноставна фризура и децентна шминка.

Advertisement

Инаку, во филмот „Последниот Србин во Хрватска“ се појавува и брачниот пар Којиќ, а по премиерата Северина го пофали својот сопруг како најдобар зомби.

https://www.instagram.com/p/BsEJPYXBz9s/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button