Реклама
Вирално

Сите зборуваат за германското чудо, а за нашето молчат – руски доктор за состојбата со корона вирусот и што ќе се случува во иднина

Реклама

Познатиот руски лекар Александар Мијасников за состојбата во светот со новиот корона вирус

Може да се покаже дека рускиот здравствен систем затоа што не се фокусираше кон примарна амбулантна нега, туку многу повеќе на болници, подобро е прилагоден за вакви екстремни услови, смета рускиот лекар и познат телевизиски водител во Русија, Александар Мијасников.

Маркетинг

Тој го објави ова на својот канал Телеграм и истакна дека Русија има многу повеќе болнички кревети по глава на жител од Западот. Исто така, тој напиша, дека западните земји биле изненадени што рускиот здравствен систем имал повеќе респиратори и заштитна опрема отколку тие.

Сепак, докторот се надева дека Русија нема да мора да ги искористи овие придобивки.

Маркетинг

„Сите зборуваат за „германското чудо“, а молчат за „Руското“, иако во Германија има 2,8 илјади случаи кои се жртви Ковид-19 на 82 милиони жители, а во Русија помалку од 100 на 145 милиони. Во исто време, бројот на тестирани кај нас не е помал отколку во Германија.“

Мијасников додаде дека денес бројот на оние кои го изгубиле животот од „Ковид-19“ не може да се сокрие.

Тој вели дека се уште е потребна претпазливост – лекарите можат да ја лекуваат болеста, но ширењето можат да го запрат само луѓето кои се придржуваат кон мерките и самоизолацијата.

Во Русија, смртноста од вирусот корона е многу помала отколку од грипот, како и од другите пневмонија“, објасни тој.

Според него, повеќето луѓе ќе оздрават и ќе стекнат колективен имунитет и во моментов е важно безболно да е преживее „појавата на нов вирус и неговата имплементација од животинскиот свет во нашиот“.

Кога ќе ја победиме чумата?

Ширењето на новиот вирус во Русија треба да се сопре до крајот на април или најдоцна до почетокот на мај.

Ова го изјави главниот руски епидемиолог Николај Брико

Според неговите зборови, оваа инфекција функционира на истите принципи како и останатите респираторни вирусни инфекции. „Основен принцип на пренесување на инфекции од човек на човек е преку капки, а самиот пренос драстично се намалува кога е потопол период од годината“, нагласи познатиот руски епидемиолог.
.
Претходно претставничката на Светската здравствена организација, Мелита Војновиќ, ги повика граѓаните од сите земји да се придржуваат до сите пропишани мерки и да не паничат заради пандемијата од коронавирусот. Како што наведе таа, постојат далеку поопасни болести од коронавирусот, па исклучиво со почитување на правилата актуелната пандемија може да се победи.

Таа ги пофали и мерките што ги предлага Путин за справување со кризата и изјави дека и другите држави би требало да го следат неговиот пример.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button