Реклама
Наши ѕвезди

Сите го знаеме и ама тешко да го препознаеме: Кој е овој познат македонски пејач кој има големи хитови?

Реклама

Фотографијата е направена во Белград, на улица „Кнез Михајлова“ напиша нашиот познат пејач.

 

Маркетинг

Станува збор за Марко Маринковиќ – Слаткар познат под сценското име Слаткаристика е роден на 15 август 1986 година во Скопје. Тој започнал со своите музички креации кога имал 12 години.На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата “Единствена опција”, а во 2004 година го издадоа албумот “Рап Тврдина”. Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп-екипажот “Токсикологија”.

 

Маркетинг

 

Во мај 2009 година потпиша договор со продукција Јованов рекордс и го издаде својот прв соло албум под наслов “Слаткаристика Будало”, кој постигна значителни успеси со песните “Шопинг”, “ФМ”, “Да полетам” и “Топ”. ..најава на револуцијата на хип-хоп во Македонија.

Исто така имаше свои концерти во Охридско-Античкиот театар, Дом на култура-Штип и Струмица, Спортска сала “Младост” – Битола и Метрополис арена-Скопје. Во мај 2010 година беше издаден ДВД со неговиот голем концерт во Арената Метрополис во Скопје. Во 2011 година ги објави синглите “Класика” и “Екстра, екстра”.
Во 2012 извади нов албум кои постигна многу гледаност, Олабави ме, Сара, Разговор со совеста, Бум Бам и други.

Во 2015 направи неколку хитови- “Бумеранг” и “Дими Џам”. Во 2016 излезе една од неговите најслушани песни “Тик Так” која има 10.000.000 прегледи.Исто така излезе и песната Кажи Да која исто така стана хит. Во 2017 излезе песната која беше слушана низ цела македонија и која има скоро 13.000.000 прегледи- Терориста. Веднаш по Терориста ја извади песната Мани – Money.

Во 2018 направил неколку песни, од кои се Луда Романтика во ,арт, Отворено Писмо во септември и неговата најнова песна Амстердам која што излезе во ноември. Во 2019 година направи низа проекти со “Урбан Рекордс” како што се песните “Дијаманти”.Слаткар е во брак со нашата Мис на Македонија Сања и го очекуваат своето прво дете.

Поврзано

Back to top button