Сите гледаа во неа – Јелена Карлеуша во најелегантното издание што сме ја виделе досега
Во вакво елегантно издание ја немаме видено одамна

Познатата пејачка повторно го украде вниманието со својот феноменален стил. Овој пат во прашање е преубав фустан од кадифе во сина боја зачинет со прорези, а во кој балканската дива изгледаше неодоливо.
Карлеуша во ова неверојатно шик издание се појави на концертот на нејзината колешка Мира Шкориќ.
Во прашање е долг модел со отвори во пределот на половината и длабоко деколте, а Карлеуша го носеше во комбинација со шик сандали и пуштена долга коса.

Според коментарите што можевме да ги прочитаме на социјалните мрежи слободно можеме да кажеме дека ова е едно од најелегантните изданија во кои сме ја виделе во последно време, но и еден од најубавите плишани фустани.
Пејачката со ова ни покажа дека што и да избере знае да го износи со стил, и дека заслужено ја носи титулата модна икона.
Па, дали ви се допаѓа Карлеуша во ова издание?