Александра Пријовиќ објави нов албум на кој работеше и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Дека тој е нејзина најголема поддршка Александра потенцира во секоја прилика, а сега Филип и јавно и честиташе на својата сакана сопруга за успехот.
Судејќи по неговата објава, на почетокот на нивната романса веројатно имало и такви кои се сомневале во нивната врска, но тие ги демантирале сите гласини дека нивната љубов нема да успее.
-Кога сите велеа дека не си таа, јас реков дека си… Секоја чест – напиша Филип и стави емотикон од срце.
Kad su rekli svi da nisi ta, ja sam reko' jesi…@a_prijovic čestitam ❤️
Маркетинг— Filip Zivojinovic (@f_zivojinovic) June 26, 2023
Александра, инаку, веќе пет години е во брак со синот на поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ. Тие се венчаа во 2018 година, а една година подоцна го добија синот Александар.
– Кога јас и Александра почнавме да излегуваме, излеговме на еден роденден каде имаше многу пријатели од музичкиот свет. Ацо седеше спроти нас и цело време не гледаше. Во еден момент рече: „Свадба, готово“ – рекол во една прилика Филип.
Да потсетиме, на албумот посебно внимание привлече дуетската песна што ја сними со познатиот српски композитор Дејан Костиќ.
Александра и Дејан во дует ја испеаја емотивната балада „Лудница“, а спотот го снимија во Португалија.