Синот на Шаулиќ нема среќа во љубовта – стави крај со атрактивната пејачка – ова е причината!

Заврши љубовната романса помеѓу Александра Младеновиќ и синот на Шабан Шаулиќ.
Како што пишуваат регионалните медиуми, тие ставиле крај на врската која им траела само неколку месеци и прекинале секаков контакт.
Пејачката Александра слободното време го посветила на своите обврски токму како и Михајло Шаулиќ.
Нивните пријатели наводно веруваат дека ова е само криза и дека парот ќе се смири.
– Времето им покажа дека размислувањата и ставовите им се разликуваат, и по неколку месеци одличија да стават крај на врската. Сметаа дека најдобро за двајцата е да останат некое време сами, па да видат дали одлачувањето ќе ги зближи и повторно да бидат заедно или сепак ќе прекинат секаков контакт, вели близок пријател на парот за медиумите.
Синот на Шабан нема среќа во љубовта, тој откажа свадба со неговата тогашна девојка Даниела
За потсетување, синот на Шабан Шаулиќ, Михајло ја раскинал свршувачката со неговата избраничка Даниела Мандиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, Михајло и Даниела се разделиле поради несогласувања во различни желби и различниот карактер. Тие се разделиле на мирен и цивилизиран начин.
-Се помина во цивилизиран тон. Даниела и Михајло останаа во коректни односи, исто така како и нивните семејства. На вдовицата на Шабан, Гоца и падна тешко бидејќи покрај сите лоши работи мораше да се случи и ова, вели извор од српските медиуми.
За потсетување, парот од почетокот на оваа година ја планираше свадбата, но поради смpтта на Шабан мораа да ја одложат за јуни следната година, но сепак свадба нема да има.