Синот на Лепа Брена реши да се откаже од музичката кариера – фановите шокирани од ваквата одлука на младиот Стефан Живојиновиќ
Ова никој не го очекуваше од него
Откако најстариот син на Бобан Живојиновиќ и Лепа Брена објави дека повеќе не сака да биде пејач, тој се обрати до јавноста уште еднаш, но овој пат како што пренесуваат медиумите, за последен пат.
Синот на Лепа Брена, пејачот Стефан Живојновиќ, деновиве објави дека ќе се повлече од сцената. Тој во интервју за еден дневен весник изјави дека неговата кариера беше „убава, кратка и слатка“, а потоа следуваше и официјално соопштение за медиумите, пишува српскиот „Мондо“.
Живојиновиќ преку својот адвокат ги замоли медиумите да се воздржат од објавување на какви било информации за него во иднина, посебно за оние што ја нарушуваат неговата приватност.
Неговото соопштение го пренесуваме во целост:
„Би сакал да ја известам јавноста дека решив да се повлечам од јавната сцена и од јавниот живот. Во претходните години, медиумите во Србија објавија бројни текстови за кои не сакав да започнувам судска постапка, иако многумина содржеа невистинити информации, кои на овој начин ги демантирам. Ги замолувам сите да ја почитуваат мојата одлука да се повлечам од јавноста и да се воздржуваат во иднина од какви било информации за мене, особено оние што ја нарушуваат мојата приватност“ пишува во соопштението.
Инаку, оваа вест доаѓа неколку дена откако медиумите објавија дека Стефан решил да се смири, и тоа покрај пејачката Габриела Пејчев, која се натпреваруваше во „Пинк sвезди“.
Како што почна да се шушка, миленикот на Брена „фрлил око“ на згодната пејачка, и опасно се вљубил во неа!
„На Стефан долго време му се допаѓа Габи. Тие се познаваат еден со друг и нејзината енергија му одговара, му се допаѓа начинот на кој се однесува, дури имаат и иста смисла за хумор. Знам дека и Брена ја сака многу и нема ништо против неа. Стефан и таа неколкупати излегоа заедно, убаво им е… Стефан дури и се пошегува со пријателите дека Габи е негова и дека никој не смее да и се приближи“, вели изворот кој е близок до семејството за познат српски весник.
„И Габи не е имуна на неговото додворување, бидејќи се шушка дека неколкупати била во неговиот стан. Можеби веќе се во врска, но не сакаат јавно да се експонираат. Тие се многу симпатични како двојка! Стефан е слаб на пејачки, повлече на таткото му и брат му Филип“.