Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, моментално ужива на јахта.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
По долго време тој објави фотографија на својот инстаграм профил и следбениците имаа можност да видат дека долгогодишна борба со вишокот килограми вродила со плод.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Виктор реши неколку дена да замине на заслужен одмор со пријателите и замина во Црна Гора.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, моментално ужива на јахта а судејќи по приказните од Инстаграм, Виктор и неговите пријатели се забавуваат „за сите пари“, а она што најмногу привлече внимание е неговиот изглед.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Многумина беа изненадени од промената на Виктор. Имено тој драстично ослабна што не личи на себе.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
Лепа Брена никогаш не криеше дека минувала низ стресен период поради вишокот килограми на синот, како и дека се плашела дека Виктор ќе се разболи поради дебелината.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
– Со Боба секогаш правевме вечери кога децата беа мали и затоа Виктор стигна до бројката од 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Толку ми беше тешко што плачев – призна пејачката во една прилика.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
– Секогаш кога ќе го погледнам добивам грутка во грлото, тој имаше само дваесет години. Се плашев дека ќе добие дијабетес – рече Брена во една прилика.
фото инстаграм/Виктор Живојиновиќ
– Немаше нутриционист кој можеше да влијае на него, но постоеше машки договор меѓу него и неговиот татко, кој тие го почитуваа. Виктор е шампион за слабеење на нашето семејство, посочи пејачката која сега сигурно е горда на постигнатиот резултат на Виктор.