Синот на Есма тажен што не може да ја исполни последната желба на КРАЛИЦАТА на ромската музика: „Грев е ова што се прави!“
Синот на кралицата на ромската музика не се откажува и постојано се бори таа да го добие она што го заслужила.
Години поминаа од згаснувањето на животот на нашата најголема ѕвезда, Есма Реџепова Теодосиевска и сѐ уште никој не се најде да ги исполни нејзините барања, ниту да ѝ напраи достојно вечно почивалиште.
Токму поради песна светот слушна за Македонија, голем хуманитарец, жена која зад себе има убава и трогателна приказна за патот кон успехот.
Родена е на 8 август 1943 година во Скопје. Потекнува од сиромашно семејство и уште од мали нозе била принудена да преземе работни обврски.
Му помагала на својот татко, кој работел како чистач на чевли, а добивала и некој денар за тоа што чекала во ред за да им купи млеко на поимотните скопјанки.
Пресврт во животот доживеала по запознавањето на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл.
Она по што беше исто така препознатлива е што имаше посвоено 48 деца. 47 од нив се синови, а само една е ќерка.
До крајот на својот живот таа доби повеќе од сто внуци и правнуци.
Целиот свој имот Есма го остави на Македонија. Таа постојано велеше дека нејзините пари биле направени од концерти за кои луѓето плаќале билети и затоа своето богатство го остави на народот.
Сепак, сѐ што таа создаде пропаѓа и никој не се грижи за она што таа го остави. Во нејзината куќа владее пустош, а и нејзиното гробно место е занемарено.
Нејзиниот син, Симеон Атанасов, кој поради тоа што не бил законски посвоен, иако сака да се погрижи и да направи нешто за да се спаси имотот на кралицата на ромската музика, сепак нема право на тоа.
Тој не се откажува од битката и упорен е да го добие од државата правото куќата на Есма да се претвори во музеј, она што беше нензјина последна желба.
Симеон повторно се огласи на Фејсбук и упати апел до државата:
„Последна желба на Есма и Стево Теодосиевски беше ниниот дом да се претвори во музеј и дом на хуманоста, каде што талентирани деца од посиромашни семејства ќе го откриваат светот на музиката. Но колку и да беше тоа нивна желба и аманет, постојано наидува на пречки, од семејството Реџепови кое сака да го оповргне тестаменот, и од државата, која со години не се изјаснува дали ќе ја прифати донацијата на познатата брачна двојка, која низ целиот свет со својата музика ја претставуваше Македонија.
Aдвокатите на тужителите Реџепови побараа да се стопира целиот процес бидејќи Министерството за култура и по речиси пет години се уште нема донесено одлука дека прифаќаат да биде наследник на музејот, како и што е наведено во тестаментот. Нивните души нема да се мирни додека не се исполни нивниот аманет, да се отвори музејот, музичко училиште за деца кои што немаат услови, а имаат талент. Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам ни вети дека на оваа тема ќе се разговара на највисоко ниво во владата, но сѐ уште ништо не се остварило. Внуците на Есма не се ни појавуваат на рочиштата, тие си праќаат адвокат, јас сум по судниците бидејќи ме боли сето ова што се случува и не гледам позитивен излез од состојбата. Премиерот ветуваше дека ќе донесе ред во државата, ред во судството, правда… Грев е ова што се прави по смртта на легендарната Есма, а никој нема изразено желба конечно да стави крај на оваа агонија. Музејот треба да биде посветен на народот, а не на било која политичка партија. Затоа, државата конечно да го реши целиот случај, бидејќи се што се создаваше со години наназад, сега е разграбано на сите страни. Грев е, но истовремено и голем срам за сите.
Доколку министерството за култура се откаже,музејот ќе го наследат Реџепови и ќе го продадат за мали пари, бидејќи они ништо немаат вложено и целта им е да земат било што. Државата е тотално не заинтересирана и јас се прашувам зошто е тоа така, можеби затоа што Есма беше во ВМРО, па сега се инаетат поради тоа, но Есма и Стево Теодосиевски не го оставија музејот на ВМРО туку на Македонија”, напиша тој на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов
Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов