Реклама
Наши ѕвезди

Синот на Есма раскажа за првата средба со кралицата на ромската музика: „Ме пречека со мил поглед, каки вистинска мајка ме прегрна“

Реклама

Синот на Есма ѝ посвети песна на легендарната пејачка ѝ раскажа работи кои малкумина ги знаеја.

Есма Реџепова – кралицата на ромската музика, жената поради која светот слушна за Македонија, голем хуманитарец, жена која зад себе има убава и трогателна приказна за патот кон успехот.

Маркетинг

Родена е на 8 август 1943 година во Скопје. Потекнува од сиромашно семејство и уште од мали нозе била принудена да преземе работни обврски.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Му помагала на својот татко, кој работел како чистач на чевли, а добивала и некој денар за тоа што чекала во ред за да им купи млеко на поимотните скопјанки.

Пресврт во животот доживеала по запознавањето на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл.

Маркетинг

Она што започнало како музичко партнерство, подоцна прераснало и во брачна заедница. Есма и Стево беа во брак речиси 30 години, односно до неговата cм-рт во 1997 година.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Музиката за неа претставувала живот.

Буквално го живеела својот сон.

Пеела пред виоки државници – Тито, Гадафи, Садам Хуеин, Индира Ганди…Го прошетала целиот свет и тоа неколку пати, а нејзините концерти секогаш беа со преполни сами.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Иако можеше да живее во било која престолнина, таа секогаш се враќаше дома, во нејзиното родно Скопје.

Она по што беше исто така препознатлива е што имаше посвоено 48 деца. 47 о нив се синови, а само една е ќерка.

До крајот на својот живот таа доби повеќе од сто внуци и правнуци.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Целиот свој имот Есма го остави на Македонија. Таа постојано велеше дека нејзините пари биле направени од концерти за кои луѓето плаќале билети и затоа своето богатство го остави на народот.

Сепак, сѐ што таа создаде пропаѓа и никој не се грижи за она што таа го остави. Во нејзината куќа владее пустош, а и нејзиното гробно место е занемарено.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Нејзиниот син кој не бил законски посвоен, Симеон Атанасов иако сака да се погрижи и да направи нешто за да се спаси имотот на кралицата на ромската музика, сепак нема право на тоа.

Тој е доста активен на социјалните меежи, каде јавно упатува критики за сите погрешни чњкори кои ги прават инстируциите со наследството на неговата мајка.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Тој раскажа и како влегол во семејството Теодосиевски.

Атансов изјави и дека пишува книга за Есма и Стево Теодосиевски насловена како „Професорот Стево и ние“.

„Имав само осум години кога Есма и Стево дојдоа кај мојата баба. Јас сум дете на разведени родители, ме чуваше баба ми, а кога Теодосиевски слушнале дека имам талент за музика, дојдоа кај неа. Со усен договор, ете така било во тие времиња, без да бидат вклучени институции, јас бев однесен кај нив.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Се грижеа за мене, ме подучуваа во областа на музиката, па така за кратко започнав да настапувам со нив. Она кое сега ме мачи, и за кое никогаш ниту јас, ниту пак било кое од децата кои ги одгледаа, не прашавме – Зошто легално не не посвоите?

Од почит кон нив, од благодарност што се грижат за нас, ние никогаш не им го поставивме тоа клучно прашање. Да бев посвоен, а не само чуван од нив со устен договор, како и повеќето од другите деца, денес сигурно дека немаше да минувам низ оваа агонија низ судските лавиринти“, раскажа Симеон.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

По повод роденденот на Есма тој објави нивна заедничка фотографија на Фејсбук, а во опис напиша неколку стиха посветени на неа.

„На денешен ден е родена Есма Реџепова Теодосиевска, мајка во вистинска смисла. Денес посветувам неколку стиха токму за неа, за личноста на која вечно ќе и бидам благодарен.

Почивај во мир мајко

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Песна за мајка Есма

Далечната 84-та година, Кај неа ме однесоа, Со мил поглед таа ме пречека, Како вистинска мајка ме прегрна.

Многу деца израсна ти, Во вистински луѓе не претвори, Не е мајка само да те роди, Туку искрена љубов и срце да ти дари

Песните наши сé уште се пеат, “Болна лежам” и “Чекај животе” на веселби ечат, “Мангава тут” секогаш се слуша, со “Чае шукарие” се сé завршува

Прости ми мајко мила, Жалам што немам моќ и сила, Да ја исполнам желбата твоја Лесна да ти е земјата твоја”, напиша Симеон.

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

 

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

 

Фото: Фејсбук / Симеон Атанасов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button