Реклама
Новости

Синот на Драгана Мирковиќ прв пат се огласи по разводот – неговата објава ги збуни сите, па и родителите

Марко предизвика бура од реакции

Реклама

Наследникот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се огласи и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Откако веста за разводот на познатиот пар одекна како бомба во медиумите, фокусот на јавноста постојано е насочен кон нив, но и кон се што е поврзано со нив и нивното семејство, пишуваат медиумите од соседството.

Па така од медиумите се дозна и дека нивните деца била длабоко погодени од тоа што познатиот пар реши да се раздели.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Тие се обидуваат да останат силни во овие тешки моменти, но на сите им е јасно дека децата секогаш најмногу страдаат во вакви ситуации. Од тука и обожавателите на популарната пејачка се загрижени за сето она што се случува со неа, но и со нејзините деца, така што секоја вест поврзана со нив предизвикува големо внимание во јавноста.

Маркетинг

Прв по целата ситуација од децата се огласи Марко Бијелиќ, кој на Инстаграм објави фотографија од Мерцедес од 200.000 евра.

Фото: Инстаграм

Покрај Мерцедесот на сликата се и два добермани, но за сега не е познато дали кучињата се негови или на некој друг.

Фото: Инстаграм

Како и да е, пејачката во своите интервјуа секогаш истакнувала дека нејзините деца, Марко и Мануела, и се најважни на светот.

Таа никогаш не криела дека е горда на нив и нивните успеси, посебно што ги има воспитано да бидат скромни и да ги препознаваат вистинските вредности.

Фото: Инстаграм

Што се однесува до нејзината ќерка Мануела, таа поретко се огласува и не е активна како нејзиниот брат на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, веста дека познатата фолк-пејачка се разведува по 24 години брак одекна како бомба во регионот.

Оваа вест ја потврди и самата пејачка, која се обрати до целокупната јавност и со голема така извести дека го предала барањето за развод.

„Веќе подолг временски период мојот однос со Тони не е повеќе она што беше, а во последните три години ние практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непремостливи разлики, заради доброто на своето семејство и затоа што така сум воспитувана, направив сé за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со време тој јаз стануваше се поголем и сфатив дека поголема штета на своите најмили правиме со тоа што остануваме на сила на нешто што одамна не функционира, отколку да ставиме точка на нашиот брак“, вели пејачката во своето обраќање до јавноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button