Иван Илиќ, синот единец на Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ се повеќе ја интригира јавноста.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Тој во последно време е многу активен на социјалните мрежи каде често објавува фотографии со својата девојка Анѓела Милиќевиќ.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Токму последната негова објава на Инстаграм, предизвика бура од реакции.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Иван веќе ја запознал девојката со неговите родители, па дури и ја донел во својот семеен дом на Петлово брдо
.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Дека размислува за брак, неодамна и самиот Иван откри објавувајќи фотографија со својата избраничка а во описот напиша:
– Иван Илиќ и неговата сопруга.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Иако очигледно се е шега или само навестување за тоа што следува, одредени медиуми веќе на големо пишуваат дека синот на Билјана Јевтиќ и Аце Илиќ тајно се венчал.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Да потсетиме, Биља Јевтиќ и Аца Илиќ се заколнаа на својата вечна љубов во 1989 година, а една деценија подоцна станаа горди родители.
фото инстаграм/Билјана Јевтиќ
По борбата на Биља и Аца за потомство, Иван се роди во 1999 година, а брачната двојка покрај работните обврски на прво место ги става потребите на синот.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Тие се посветени на своето единствено дете на кое се бескрајно горди. Иако е дете на познати и успешни родители, тој секогаш се трудел да живее скромно, а барем засега не го привлекува животот пред камерите, туку се посветил на студиите и е апсолвент на Правен факултет во Белград.