Реклама
Новости

Силувана девојка плаче на улица и моли за помош – погледнете ја грозната реакцијата на минувачите

Реклама

Активистите за правата на жените во Либан спроведоа социјален експеримент во кој една млада актерка во кратко здолниште излезе на улица и со солзи на очите пред луѓето почна да вика дека тукушто е силувана. И кога ќе ја видат како оваа млада девојка плаче на улица, луѓето ќе ја прашаат што ѝ се случило, но веднаш откако ќе спомене дека е силувана, многумина ќе почнат да ја навредуваат.

„Очигледно ова не и е прв пат, погледнете како оди од човек на човек.”, „Девојка што така изгледа? Па што требал, да и плати?“ – ова е само дел од одвратните коментари на случајните минувачи, и тоа од оние попристојните на претставниците на посилниот пол кои почнаа да се собираат околу неа. Но исто така и реакциите на жените не беа ништо подобри, што исто така беше изненадувачки.

Маркетинг

„Само се срамотиш вака, не дозволувај никој да дознае за тоа“, ја советуваше една жена.

Адвокатката Даниела Хојак од невладината организација за заштита на женските права, Абаад, откри дека овој експеримент беше одлучен да се спроведе за да се види како општеството ја третира жртвата.

Маркетинг

 

„Ние очекувавме дека токму неа ќе ја обвинат, но не до тој степен, бевме шокирани од она што се случи. Луѓето ја третираа оваа млада жена, како таа да е виновна. Тоа беше како некој да ја силувал двапати. Првиот пат беше физички, од страна на нејзиниот напаѓач, вториот пат психолошки од страна на луѓето кои ја навредуваа.“ вели Даниела.

Ниту едно лице не се понуди да го побара силувачот или да се јави на полицијата “, заклучува таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button