Вести

Силно невреме ќе го зафати Балканот – Многу дожд доаѓа кон Македонија!

Advertisement

Славчо Поповски во својата метео анализа што ја објавува на неговата интернет страница и на Инстаграм најавува дека целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во следниот период ќе биде под влијание на моќен Џеновски циклон и на влажни воздушни бранови, но и под силно јужно и југозападно воздушно струење кое и понатаму ќе ни носи натпросечно високи температури на воздухот.

Advertisement

Во голем дел од регионот се очекува олуен јужен ветер кој би можел да направи и штети, а поради очекуваните обилни дождови се можни и локални поројни поплави.

Попоски вели дека голем влажен воздушен бран кај нас се очекува во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота кога насекаде ќе има врнежи од дожд.

 

Овој влажен бран, Попоски го најавува и на денот на големиот верски празник митровденската Задушница.

На Задушница освен што се оди во црква каде што се служи литургија и парастос се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, па на тој ден сите што изразуваме почест и почит кон починатите посакуваме и времето да ни се погоди. Но, еве што вели метоалармот за сабота:

„На повеќе места интензивни и локално проследени со појава на грмежи и со силен јужен ветер, а не се исклучува можноста овие процеси да бидат застапени во форма на невреме, кога е можна и појава дури и на град.

Во петок на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално над 80 км/час). Ветерот ќе продолжи и во деновите потоа и повремено ќе биде засилен на интензитет и од југозападен правец“, прогнозира Поповски според кого до недела локално кај нас ќе наврне позначително количество на воден талог (над 50 л/м2).

Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Барем според моменталните анализи, појава на мраз и на поголемо заладување кај нас не се очекува во првата половина од месец ноември, што значи и покрај врнежите продолжуваат пролетните температури, иако навлегуваме се подлабоко во есента.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button