Се шушкаше дека се разведуваат, а тие никогаш не биле посреќни – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа новиот дом на Онур и Шехерзад!
Бергузар Корел има свој дом и во Лондон во кој се обидува да живее што е можно почесто.
Кога се роди малечката Лејла, ќерката на турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч, познатиот пар реши нивниот дом во Лондон да го преуредат, за да можат сите членови од семејството да уживаат.
Од она што сега може да се види од нејзиниот Инстаграм профил, Бергузар и Халит наскоро ќе имаат и камин, а од глетката малкумина останаа рамнодушни. Актерката и овој пат го покажа сојот талент за уредување на ентериерот, а како изгледа нивниот дом во британската престолнина каде што живеат во изминативе пет години кога не се во Турција, погледнете од фотографиите што самата Шехерзад деновиве ги објави на социјалните мрежи.
Инаку, парот покрај ќерката Лејла што ја добија минатата година, ги имаат и синовите Али и Хан.
Од она што можеме да го видиме од фотографиите, Бергузар целиот стан го уреди со посебно внимание, па не се сомневаме дека сега сите членови на семејството подеднакво уживаат додека престојуваат во Англија.
Инаку, Бергузар и Халит во Македонија станаа познати по улогите на Шехерзад и Онур во серијата „1001 ноќ“. Тие глумеа пар во серијата, но се вљубија и во вистинскиот живот, па сега уживаат во нивниот брак.
Тие се заколнаа на вечна љубов во 2009 година, а познатата мама неодамна за мајчинството ќе напиша:
„Мој Али… Сонце мое. Во својот живот најмногу го сакам мајчинството. Благодарение на тебе. Го промени мојот свет. Многу сме среќни што баш ти си нашиот син, се чувствуваме привилегирани бидејќи ти го осветлуваш сечиј живот. Нека сочувството, толеранцијата, емпатијата и ентузијазмот што ги чувствуваш во животот не престанат никогаш. Сонце мое. Али. Ти благодарам илјадапати за светлоста и среќата што ја внесе во нашите животи пред 12 години, Ти благодарам што постоиш. Нека оваа година ти биде среќна. И ние со тебе заедно“, порача гордата мама на 12 роденден на својот син.
https://www.instagram.com/p/CZuUB0cgy5Z/
Познатата турска актерка тогаш сподели и една стара семејна црно-бела фотографија направена на денот на раѓањето на Али, на која нејзиниот сопруг изгледа пресреќно и возбудено што станал татко, а потоа и една на која се гледа нејзиниот син како момче, но без да му се гледа лицето.
Парот веќе со години важи за еден од најстабилните и најпознатите во Турција, па токму затоа и шпекулациите дека се разведуваат што се појавија минатата година ги шокираа нивните бројни обожаватели. Познатите актери никогаш не ги коментираа овие гласини, но од социјалните мрежи можеме да заклучиме дека тие уживаат во нивниот заеднички живот далеку од очите на јавноста.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел