Реклама
MAMAБебиња

Се што треба да знаете за контроверзниот метод за исплакување на бебињата

Реклама

Кога сте бремени, веројатно си замислувате како лесно си го заспивате бебето и ве обвзема неверојатно чувство.

Најверојатно си замислувате дека нежно ќе го нишкате бебето додека во позадина оди тивко приспивната музика. Но за жал во реалноста овој процес е потполно спротивен. А понекогаш и „неподносливо“ тежок. Затоа не е изненадувачки што некои родители во потрагата по решение размислуваат да го испитаат начинот на плачење на детето.

Маркетинг

Ова е прилично контроверзен метод кој предизвикува бројни дебати меѓу докторите и родителите. Според методот треба детето да го оствите во креветче иако плаче и да заминете од просторијата за тоа да заспие. Може да потрае неколку часа, но неговиот автор смета дека е корисен.

Од што се состои и како функционира методот на исплакување?

 

Маркетинг

Методот е развиен во 1980 година од страна на д-р. Марк Вајсблут, автор на книгата „Healthy Sleep Habits, Happy Child“ кој тврди дека всушност со него го учи бебето како само да се смири и да ги реши негативните навики за заспивање како што е носењето. Како што објаснува, идејата е родителите да го остават бебето во креветчтое да плаче, освен ако не е гладно, жедно или треба да му се смени пелената.

Овој метод се разликува од методот на Фербер. Тоа е исто така метод на исплакување (ЦИО).

Разликата е во тоа што Вајсблут ги охрабрува родителите да не интервенираат, додека Фербер ги советува родителите да ги проверуваме од време на време. Секоја вечер треба да го продолжите периодот меѓу кој го проверувате детето, и на крајот нема да морате да го правите тоа.

Според Вајсблут, времето за започнување на тренингот е на возраст од шест месеци со задолжителна претходна консултација со педијатарот.

Тој вели дека детето треба да биде спуштено во креветчето и родителот да остане до него неколку минути. Потоа, следи потешкиот дел, односно напуштање на просторијата. Родителите не треба да влезат во просторијата каде што детето е дури и ако плаче. Според убеденоста на лекарот, бебето на крајот ќе научи да спие самостојно.

Вајсблут забележува дека клучот за успехот е конзистентност и почитување на правилата. Во тој случај, методот треба да биде ефективен по четири дена.

Овој метод не е за секое дете, ниту пак, за секој родител. Ако мислите дека ќе го проверувате вашето бебето на секои неколку минути, тогаш најдобро е да се откажете од овој метод и да пробате некои други трикови за успивање.

Поврзано

Back to top button