Се фали дека живее во луксуз, а всушност тоа е малечка куќичка: Еве каде живее Наташа Којиќ во Америка
Ќерката на Драган Којиќ Кеба, Наташа Којиќ последните 11 години живее во САД, каде се обидува да добие зелена карта.
Ги менувала државите и градовите во текот на престојот во САД, а последните години живее и работи во Лос Анџелес.
Иако во медимите се шпекулираше дека во туѓина живее многу раскошно, сепак вистината е малку поинаква. Пејачката живее во скромна куќа, за која месечно плаќа 1.300 долари плус режиски трошоци.
Ја зела под кирија од Србин кој со години живее и работи таму. Таа куќичка се наоѓа во предградието на Лос Анџелес, каде главно живее работничката класа.
Тука нема луксуз како што често може да се види од нејзините фотографии на Инстаграм, но може скромно да се живее. Така и многу други пејачки се сликаа пред хотелот „Версаче“ и други познати ланци на хотели, а можеби никогаш не преспале таму. И Наташа често покажува раскош, а никогаш својот дом во кој навистина живее.
Таа се бори да стекне право на легален престој во САД. Таа таму живее од 2009 година и не смее да ја напушти Америка, зошто има статус на азилант во постапка.
https://www.instagram.com/p/CDKnilipKeo/
Алицирала за добивање на зелена карта како припадничка на ЛГБТ популацијата. Иако јавно покажува дека не е ориентирана кон истиот пол, Наташа, заради документите, го искористи правото на азил, кое во меѓународното право подразбира право на државите да дават азил, право на поединец да побара азил и право на поединецот да му се одобри азил во случај на некој начин да е загрозен во сопствената земја.
https://www.instagram.com/p/CC65g26pCvZ/
Кога замина во Америка, Којиќ имаше стипендија од популарниот универзитет Беркли.
https://www.instagram.com/p/B8sUDOYpOxx/
Во Србија пееше музика која не ја сакаше, а тоа според зборовите на нејзините блиски пријателки, правела само за да заработи пари за студирање на престижниот универзитет.
https://www.instagram.com/p/CCjuuIipsLN/
Била одличен студент и сега во САД се занимава со компонирање на музика за филмови.
https://www.instagram.com/p/CBY8DsypG2D/
Има напишано музика за повеќе американски филмови и серии, а меѓу другото и за хорор филмот „Ковен“.