Се фалеше со скапи коли и „пливаше“ во пари, а сега вози Југо – ПОЛИЦАЈЦИТЕ му земаа сé, Бака Прасе пропадна скроз!
„Не ми можат ништо!“
Откако му ги запленија скапите автомобили, познатиот јутубер изјави дека ќе вози „Југо“ и „Голф“.
Познатиот белградски јутубер Богдан Илиќ на социјалните мрежи попознат како Бака Прасе, се најде во центарот на вниманието откако полицијата деновиве му ги заплени двата скапи автомобили. Тој од овие причини реши да се огласи и да ја каже својата верзија на целиот настан.
„Решив да се повлечам на неколку дена додека да се смири ситуацијата, мислев дека се ќе помине, но џабе, ништо не се менува“ вели тој и додаде:
„Не грижете се, не бев во затвор, само исчезнав. Што се случува? Ми го земаа Лабмурџинито и новиот автомобил што го земав. Моментално сум обвинет дека правам нешто криминално, што секако дека не е точно. Се надевам дека ќе можам наскоро се да ви раскажам“, вели тој.
„Одлучив дека нема да чекам ситуацијата да се реи, бидејли не е фер кон вас да бидете во темница и да не снимам клипови, а најсилен сум и не ми можат ништо“.
Наскоро започнувам со дневни објави, ќе возам југо и голф, но тоа е, ќе има подобри денови. Во клипот ќе раскажам отприлика што се случува, се надевам дека нема да ме уапсат. Ако повторно исчезнам вака, знајте дека навистина ме уапсиле. Мама, те сакам. Институцијата се враќа, порача тој.
Потоа Бака Прасе објави и фотографија од својот автомобил што му беше одземен и го напиша следново:
„Да се пуштам и да го извадам??? Ми недостигаш, бебенце!“
Да потсетиме, полицијата пред неколку дена го затекна автомобилот Ламброџини Урус со германска регистрација паркиран на обележен пешачки премин. Тој автомобил наводно го возел и непрописно го паркирал Бака Прасе, а бидејчи е регистриран во странство, и без присуство на сопственикот на автомобилот е управувано од лице кое има постојан престој во Србија, против возачот е поднесена кривична пријава.
Пајакот го однесе неговиот автомобил бидејќи привремено му е одземен заради царински прекршок, а неколку дена претходно од Бака Прасе беше одземен и автомобилот „порше кајен“ исто така заради царински прекршок, односно заради полициски проверки и сомнеж за царински прекршок.
„Не ми даваат да снимам, да се доближам, еве ја и мојата друга лимузина“, изјави тој во видеото во кое вози Југо.
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе