Реклама
Наши ѕвезди

Се танцуваше и славеше, конечно ГОЛЕМА РАДОСТ за Атиџе Муратова – погледнете каква куќа доби хероината од „Медена земја“

Реклама

Македонкиот документарен филм „Медена земја“ направи вистински „бум“ во земјава, но и во светот.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Филмот кој нѐ направи сите горди, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, го прикажува животот на Атиџе Муратова, последната пчеларка во Македонија, која живее во селото Бекирлија, и промените кои нејзиниот живот ќе ги претрпи по пристигнувањето на една номадска фамилија во соседната куќа.
Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“.

Маркетинг

Атиџе веднаш се здоби со ограмна популарност.
Таа сега живее во селото Дорфулија во општина Лозово накај Штип, место кое од нејзиното родно село е оддалечено околу 18 километри. Во ова место, со помош на нејзините пријатели од документарецот, успеала да дојде до куќа за која верува дека ќе ѝ го измени животот на подобро.

Маркетинг

Реченицата која ги трогна сите кои го гледале филмот беше „Половина мед за мене, половина за пчелите“. Вели дека тоа значи дека на пчелите им е потребен медот за да можат да даваат уште повеќе мед.
„Затоа треба половина за тебе – половина за мене… Повеќе на пчелите да им се остава. Ако нема пчели, од каде мед? На целиот свет му требаат пчели. Ако немаме пчели, ќе немаме ниту здравје“, порачува Атиџе за Агенција Анадолија.

Веќе подолго време Атиџе е неразделна пријателка со водителката Сузана Турунџива.
Тие двете не се двојат и заедно посетуваат многу места.
Сузана редовно споделува фотографии на социјалните мрежи од дружбите со Атиџе.
-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.

Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе, напиша Турунџиева во опис на фотографиите, со Атиџе.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Сузе ѐ приреди одлично изненадување на Атиџе за нејзиниот роденден.
Освен што ѝ помогна да се разубави, таа ѝ приреди и роденденско изненадување.
Атиџе никогаш во животот немала можност за својот роденден да дуа свеќички на торта, па водителката ѝ го овозможи тоа задоволство.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

„Овој роденден ќе го паметам цел живот. Дував свеќички на торта, ете за првпат, потоа бев на Попова Шапка, поминавме со Сузе Турунџиева прекрасен ден на снег, добивам честитки, убави, најубави желби од луѓето, знајни и незнајни. Јас сум многу среќна, и се што сакам за себе, сакам за сите- да се здрави, да имаат добри луѓе околу себе, спокој и кров над глава“, изјави Атиџе за „7дена.мк“.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Мора да се признае дека Турунџиева дава максимални напори да ѝ овозможи достоен живот на Атиџе, затоа што очигледно надлежните заборавија на неа.
Таа нема ниту пензија, ниту пак е вработена. Живее од социјална помош од околу 80 до 100 долари месечно, што не е доволно.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Еден период беше актуелна во јавноста откако јавно побара спас од соседот кој исто така се појавува во документарецот. Атиџе изјави дека се плаши од него затоа што постојано ѝ прави штети и ја малтретира. Истакна дека неколку пати го пријавувала во полиција, но дека полицијата доаѓала само да го опомене.
„Не се живее вака во страв. Од ден во ден е сѐ полош“, изјави тогаш Атиџе.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Од МВР тогаш соопштија дека соседот на Атиџе е писмено предупреден, а се преземаат и дополнителни мерки.
„На 11 септември околу 12 часот во Полициската станица Свети Николе е добиена телефонска пријава од А.М. (56) од селоБекирлија по што полициските службеници се упатиле на местото. Извршен е разговор со А.М. а потоа и со пријавениот Х.С. Од страна на полициските службеници Х.С. е писмено предупреден , а се превземаат доплнителни мерки. Полицијата е сервис на граѓаните и им стоиме на располагање на сите граѓани, а се разбира се преземаат мерки против секаков вид на насилство или нарушување на јавниот ред и мир“ велат од МВР.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

После сите случуања конечно малку мир и среќа за нашата хероина.
Сузана Турунџиева споели прекрасни вести со македонската јавност.
Имено, градежните работи во домот на Атуџе се дојдени при крај и таа конечно има достоен дом за живеење.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме…“, напиша Сузана Турунџиева во опис на фотографиите кои ги објаи на Фејсбук, а на кои се гледаат среќни и насмеани лица кои слават и танцуваат на успехот.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Tags

Поврзано

препорака
Close
Back to top button