Се соблече една од најжешките македонски пејачки – без шминка, ужива во својот омилен костим за капење
Пејачката ги „запали“ социјалните мрежи
Македонската фолк-пејачка Елена Велевска важи за една од најатрактивните дами на нашата јавна сцена.
Елена и покрај тоа што има три бремености зад себе, се уште плени каде и да се појави и има тело за чиста десетка.
Нејзините провокативни фотографии што одвреме-навреме знае да ги објави никого не оставаат рамнодушен, а така беше и овој пат.
Имено, шармантната пејачка во рамките на своите Инстаграм приказни објави фотографија на која позира во костим за капење.
Таа седи покрај базенот облечена во едноделен син модел на костим за капење, а во центарот на вниманието е нејзиното тело.
На нејзината линија можат да и позавидат и многу помлади колешки, додека претставниците на посилниот пол ја обожаваат.
Коментари на сметка на нејзиниот изглед секако дека и овој пат не изостанаа, а таа заслужи пофалби и за изборот на костимот за капење.
Во прашање е едноделен асиметричен модел во светло сина боја, кој Елена го зачини со своите убави руси прамени.
Покрај оваа фотографија, Елена сподели и една снимка на која е облечена во тесно црно издание од глава до пети, и во кое повторно изгледа топ, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.
Како нашата позната фолк-пејачка изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Погледнете ги и останатите фотографии …
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска