Реклама
Вирално

Се случи чудо во Богородичната црква во Париз – тврди дека на оваа фотографија се гледа ликот на Исус Христос (фото)

Реклама

Фотографии од страшниот пожар што ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз се уште го заобиколуваат светот, а една жена е убедена дека на една од овие фотографии го видела ликот на – Исус Христос.

Лесли Роуан од Шкотска на социјалните мрежи отворено коментираше една фотографија настаната додека катедралата беше во пламен  „Можеби мојот ум се игра со мене, но луѓе, добро прегледајте ја оваа фотографија и кажете ми што гледате”, напиша 38-годишната жена на Фејсбук со заокружен дел од огнот.

Маркетинг

„Се изненадив од она што прво го забележав кога ја погледнав во оваа фотографија. Имено, кога ќе се загледам, го гледам ликот на Исус. И тоа толку јасно и живописно“ вели Лесли, а пренесе „Daily Mail Online“.

 

„Мислам дека ова ќе им донесе мир и утеха на луѓето во Париз и на луѓето ширум целиот свет во овие тешки времиња”, вели таа. Се разбира, веднаш штом ја објави фотографијата, имаше и други луѓе на социјалните мрежи кои исто така коментираа дека се гледа нешто во огнот.

И додека екипата на Фејсбук дискутира што виделе, а што не во страшниот пожар, Французите веќе планираат како да ја реконструираат Нотр Дам.

Имено, Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Нотр Дам ќе биде обновен во рок од пет години.

За помалку од 24 часа француските компании и локални власти ветија повеќе од 700 милиони евра за обнова на катедралата, вклучувајќи 500 милиона од три милијардерски семејства во чие сопствеништво се луксузните француски модни брендови – Керинг, ЛВМХ и Лореал.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button