Се славешe цела вечер во домот на Дамјан Стојаноски – фолкерот и неговата сопруга пресреќни, честитки пристигаат од сите страни!
Убава причина за славење имаше во домот на македонскиот пејач.
Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот пејач Војо Стојаноски долги години успешно плови во музичките води и е еден од најангажираните пејачи во земјава.
Иако многумина сѐ уште го препознаваат како син на Војо Стојаноски, Дамјсн доста успшено напредува во својата кариера, има своја публика и добро напредува.
Македонскиот фолк-пејач Војо Стојановски, пoчинa на 6. мај 2014 година на 65-годишна возраст од рaк на панкреас.
Сепак, пејачот остана да живее во срцата на публиката преку безвременските хитови од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.
Талентот за музика од него го наследи и Дамјан, кој тргна по неговите стапки.
Дамјан студираше на Факултетот за музичка уметност , отсек-соло пеење.
Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.
Минатата година иако за многумина тешка и тажна, за Дамјан беше една од најубавите.
Пејачот одлучи да му стави крај на ергенскиот живот и стапи во брак за својата девојка Елена Билеска од Кичeво.
По некое време се случи и она што секој пар го очекува – принова на семејството.
Во август, 2020 година Дамјан и Елена станаа родители на нивниот син Војдан.
Убавата вест со јавноста ја споедели гордата баба Евица,која напиша дека има нова животна улога – баба.
Помина една година од раѓањето на Војдан.
Среќните родители одлучија да го прослават роденденот на својот син и да му приредат убава роденденска забава.
На роденденот присуствуваа сите нивни најблиски пријатели и членови од потеснотл семејство.
Поради пандемијата прославата се случи во двор од куќа, а родителите се погрижија сѐ да биде фантастично декорирано.
Дамјан и јавно напиша честитка за својот син.
„Среќен роденден сине мој. Да си здрав, жив и среќен цел живот”, напиша тој во опис на фотографијата.
Честитките не престанаа да пристигнуваат.
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Дамјан Стојаноски