Се славеше во домот на Џамбо Агушев: НЕГОВАТА САКАНА е најсреќна, а тој ѝ напиша – „Ти си моја една и единствена”
Убава причина за славење имаше во домот на популарниот музичар.
Кралот на трубста сподели досега невудени фотографии со неговата сопруга и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Џамбо Агушев во моментов е еден од најдобрите свирачи на труба во Македонија, па и пошироко.
Уште од многу млад неговите родители увиделе дека има огромен талент за овој инструмент и знаеле дека ќе стане исклучително успешен.
Тоа и се случило, Џамбо денес има светска кариера каква посскува секој македонски музичар.
Заедно со неговиот бенд настапуваат ширум светот, а имаат соработки и со многу големи музички имиња.
И покрај светската слава тој се труди да остане скромен и популарност да стекнува само со својата музика, никогаш не е дел од никакви скандали и афери.
Активен е на социјалните мрежи каде освен фотографии поврзани со неговата работа, знае да сподели и фотографии од неговото семејство.
Долги години клучот на неговото срце го има преубавата Асена со која има 4 деца.
Асена по потекло е од Турција, а живеела во Германија.
На нејзината убавина никој не може да остане рамнодушен.
Таа е вистинска убавица и каде и да се појави не може да помине незабележано.
Круна на нивната љуов се секако нивните четири деца, синот Мерт, и ќерките Севги, Мелинам и Алина.
Честопати на социјалните Џамбо знае да ѝ изрази љубов на својата сакана, па така беше и овој пат по повод нејзиниот роденден.
Тој објави нивни заеднички фотографии, а во опис напиша:
„Многу добро се сеќавам на денот кога ти дојде во мојот живот. Колку само ми беше мило.
Мило ми е што дојде во мојот живот мила моја маргаритке. Среќен роденден,
многу ми е мило што те имам, ти си мојата единствена сопруга, душо моја“.
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев
ФОТО: Фејсбук / Џамбо Агушев