Македонската јавност ја памети младата Илма Карахмет, пејачка од Босна и Херцеговина која како 13 годишно девојче се појави на X Factor Adria каде публиката и жирито веднаш ја забележаа како девојка со исклучителни вокални способности.

фото принтскрин
Илма прв пат се појави на сцената пред десет години кога настапи на натпреварот X Factor Adria.

фото инстаграм/Илма Карахмет
Во јули 2018 година, на 18-годишна возраст, Илма се омажи за својот партнер Седин Лакача, а истата година се појави во шоуто „RTL Zvijezde“ каде што победи.

фото инстаграм/Илма Карахмет
Таа во споменатата емисија освои 100.000 куни а со својот глас го воодушеви познатото дизајнерско дуо на брендот „DSquared2“.

фото инстаграм/Илма Карахмет
Иако Илма привлекува внимание со своите вокални способности, сепак во последно време оваа музичарка се повеќе време поминува во теретана, а резултатите се многу видливи.

фото инстаграм/Илма Карахмет
На својот Инстаграм профил Илма сподели фотографија со својот менаџер Дејан Малиќ со опис „Пријатели за цел живот“.

фото инстаграм/Илма Карахмет
Илма позираше во панталони со леопард принт, бел топ и модерни патики, а на прв поглед се гледа дека оваа позната пејачка ја донела својата фигура до совршенство.

фото инстаграм/Илма Карахмет
Илма најави дека наскоро ќе го објави својот прв албум, а музичките критичари веќе и предвидуваат одлична кариера.

фото инстаграм/Илма Карахмет

фото инстаграм/Илма Карахмет

фото инстаграм/Илма Карахмет

фото инстаграм/Илма Карахмет

фото инстаграм/Илма Карахмет

фото инстаграм/Илма Карахмет





