Реклама
Наши ѕвезди

Се сеќавате на згодната Благородна што го збудали Коста од „Преспав“? Погледнете како изгледа во приватниот живот (фото)

Реклама

Таа во моментов е една од најпопуларните актерки на македонската сцена, која толку млада, а зад себе има толку богата кариера и успешно одиграни улоги.

Драгана Левенска е родена на 3 јули 1985 година во Скопје. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за актерска игра во 2014 година, а од истата година е вработена во Македонскиот народен театар.

Со нејзиното појавување во хумористичната серија „Преспав“, Драгана направи „бум“.

Освен со одличната глума, таа и со бујните атрибути привлече огромно внимание кај публиката.

Маркетинг
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

По нејзиното појавување во серијата сите зборуваа само за неа и сакаа да дознаат која е таа згодна девојка.

Пред извесно време прослави роденден. Во емисијата Магазин на Сител телевизија откри дека долго време нема прославено роденден, па одлучила да се собере со другарките. Поточно тие ѝ подготвиле изненадување и имале незаборавна вечер

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

„Отсекогаш сум имала повеќе желби. Си посакав да бидам среќна, тоа е многу некако општо. Но, си посакав да ми се случи љубов. Скромно“, кажа актерката и додаде:

Маркетинг
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

„Целава година нешто што најмногу ме усреќува во однос на целава оваа ситуација која не засегна сите нас, тоа е мојот внук Филип. Тој ми е првата среќа во мојот живот и сум пресреќна што го добив. Секојдневното дружење со другарките ме прават среќна. Мали, обични работи ме прават среќна. Не сум човек кој може да се задоволи од некаква групна, голема материјална работа. Театарот кој за жал сега е во некаков стоп кадар и се надевам а соро повторно ќе се вратиме на театарските сцена. И ќе ме направи многу среќна кога ќе отидам во Малта да ги видам моите родители. Тие се таму 6-7 години, а се немаме видено скоро 2 години“, кажа актерката.

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Она што малкумина го знаат е тоа дека првично била запишана на Катедрата за македонска книжевност на Филолошкиот факултет, но потоа сфатила дека тоа не е за неа и одлучила да го следи својот сон и да запише глума.

„Отидов на книжевност да ги земам документите на реверс. Ми рекоа да ги вратам за една недела, им реков „да секако“. И така се случи. Бев многу многу среќна.

Кога самите на себеси сте си најголема потпора и силно верувате во тоа што го правите, мислам дека не постои пречка која ќе може да ве спречи“, рече Левенска.

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Драгана со огромна популарност се соочила уште како дете додека настапувала на емисијата „Сител бамбини“ како и на многу други детски фестивали. Уште како дете има испеано многу хитови, а најголем ѝ е „Дали знаеш“.

„Јас сум дете кое израсна во телевизија, а не надвор да си игра со другарчиња. Тоа беше прекрасен и многу значаен период од животот за мене. Сител бамбини беше многу популарна детска емисија и бевме многу популарни. Беше интересно што не гледаа само децата туку и повозрасните.

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Ние имавме една случка, бевме гости во дискотека. Со песната Дали знаеш имав тројца најдобри другари зад мене, тоа беше диско диско како сега нас да ни дојде мало дете да ни пее. Еден од обезбедувањето дури ни рече „каде деца вие“, а мојот другар одгвори „како каде, па ние сме трубачите“. Кога влеговме внатре и кога почнавме да пееме цело диско пееше со нас. Јас застанав, се вкочанив и ја погледнав мајка ми и си реков „што да правам“, раскажа Левенска.

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Младата актерка која со љубов зборува за својата професија е само пример за сите нас дека следењето на соништата секогаш води до успех и до исполнување на најголемите желби.

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска
Фото. Фејсбук / Драгана Левенска

 

Поврзано

Back to top button