Се сеќавате ли на фолк-пејачот Горан Тодоровски – ќе се изненадите како изгледа денес, нема да го препознаете
Македонкиот фолкер целосно го промени имиџот
Горан Тодоровски испеа едни од најголемите фолк-хитови и уживаше голема популарност, а потоа одлучи да се повлече од естрадата.
„Ми ја зеде среќата“, „Како да ти речам мила“,„Пусти мерак Ратке“, „Те познавам“, „Сонце само ти“, „Солен дожд“, „За тебе се песните“ се песните кои во 90-те беа едни од најголемите хитови.
ФОТО: Фејсбук / Горан Тодоровски
Горан е дел од музичката сцена скоро 3 децении и има оставено траен белег.
Кон крајот на 90-те веќе имаше стекнато голема популарност, имаше редовни настапи, беше дел и од сите фестивали, но одлучи да се повлече и многу поретко се појавува во медиумите.
ФОТО: Фејсбук / Горан Тодоровски
Музиката и понатаму е негова најголема љубов од која никогаш не се откажува.
Публиката и понатаму го памети и ги пее неговите песни.
ФОТО: Фејсбук / Горан Тодоровски
Горан завршил средно медицинско училиште во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а потоа дипломирал на
Природно-математичкиот факултет во Скопје, на катедрата по биологија.
Денес работи како наставник по биологија во основно училиште во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Горан Тодоровски
На 25-годишнината од неговата работа тој издаде двоен албум, насловен како „Една по една”.
Во текот на целата кариера воопшто не експериментираше со изгледот, но сега одлучи да направи промена на фризурата.
ФОТО: Фејсбук / Горан Тодоровски
Ја бојадиса црната коса и сега е русокос.
Со фотографија на Фејсбук се пофали со новата фризура.