Се сеќавате ли на убавата актерка од хит серијата „Парампарче“? Неверојатна промена, еве како Ѓyлcepен игледа денес (фото)
Еве како изгледа денес познатата турска актерка Нурѓул Јешилчај која што нашата публика ја запозна преку улогата на Ѓулсерен во серијата „Парампарче“.
Турчинката којашто глумеше во познатата турска серија која беше хит и во Македонија важи за една од најпознатите актерки во Турција.
Нурѓул и во приватниот живот важи за вистинска убавица, а турските медиуми неодамна пишуваа за проблемите што ги имала со нејзиното лице. Имено, популарната актерка реши да го следи трендот со естетски интервенции и одлучи да го разубави лицето со ботокс.
Но таа немаше среќа бидејќи нејзиното лице не поднесува ботокс, па имаше жестока реакција и беше отечена.
Таа во една пригода за медиумите зборуваше искрено за ова нејзино негативно искуство и изјави дека на вакво нешто или на некој сличен третман повеќе никогаш нема ни да помисли во животот.
Инаку, таа во изминатиот период посвети внимание и на својата линија па за два месеци изгуби речиси десет килограми.
Погледнете како таа изгледа денес…
Како што пишуваа медиумите, Нурѓул за една епизода во „Парампарче“ добиваше 20.000 евра, но сите серии во кои што таа беше во главната улога важат за најгледани. Како што самата изјави во една пригода, таа улогите не ги избира според висината на хонорарот, туку според големината на предизвикот, па така таа ќе биде и првата голема актерка во Турција што ќе сними љубовна сцена со жена. Се прослави со улогата на Јасемин во „Љубов и казна“, а имаше и забележителен настап и во еден од најгледаните проекти на турската телевизиска продукција„ Асмали конак“.
Таа во 2001 година дебатира во филмот „Sellale”, и од тогаш нејзината кариера се движи по угорна линија. Има добиено бројни награди меѓу кои и онаа за најдобра актерка на 45-от „Antalya Golden Orange Film Festival“.
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај