Се сеќавате ли на Махидевран? Соперничката на Хурем во харемот на Величествениот: Актерката изгледа феноменално, се офарба во портокалова, иста Хурем е сега
Пред девет годиниа главната ѕвезда на серијата „Сулејман Величествениот“ беше Хурем, но онаа за која тогаш неправедно, малку се пишуваше е нејзината соперничка Махидевран. Оваа турска актерка денеска е вистинска убавица, една од најубавите лица на Турција.
Во Македонија се прослави со улогата на Махидевран во серијата „Сулејман Величествениот“. Меѓутоа, поради ликот кој го играше актерката Нур Фетахоглу не беше омилен лик на домашната публика.
Во суштина, во реалниот живот работите стојат многу поинаку. Нур е една од омилените турски актерки и лица, зошто исклучително е убава и атрактивна. Инаку, Нур е родена во Германија, а од 2006 година е и турска актерка.
Од 2008 до 2011 година беше во брак со Мурат Аси, но по разводот си го врати моминското презиме Фетахоглу.
Нур беше во брак и со Левент Везироглу, а тој брак во 2015 година е завршен за само 10 минути, 14 месеци по спекталураната свадба.
Еве како денеска изгледа Нур која има 39 години.