Реклама
MAMAБебиња

Се радувале на позитивниот тест за бременост, но докторот им ја соопштил страшната вистина

Реклама

Тие се радуваа и беа убедени дека наскоро ќе станат родители, а потоа слушнаа ужасни вести.

Теми Милан и нејзиниот сопруг Ричард, актерот од серијата “Vaterlo Roud”, беа уништени откако слушнаа за сериозната и невообичаена болест што Теми ја имала. Имено, нејзиниот тест за бременост беше позитивен, а подоцна се покажа дека таа не е бремена, и дека во неа расте тумор кој личи и се однесува како бебе во стомакот.

Тие се радуваа и беа убедени дека наскоро ќе станат родители, но по подоцна слушнаа лоша вест. Ултразвукот открил дека не постои бебе, и дека Теми боледува од ретка болест која се нарекува хориокарцином, кој расте во плацентата и има слични симптоми на бременоста.

Маркетинг

” Кога по три месеци од бременоста бев на ултразвук, беше утврдено дека ембрионот не расте “, рече Теми Милан, а по подеталниот преглед, лекарите мораа да им ја соопштат лошата вест на брачниот пар.. Веднаш по испитувањето во Универзитетската болница во Велс, таа била префрлена во медицинска установа Chering Cross во Лондон, каде се лекувала 8 месеци.

– Имав целосна поддршка од Ричард, постојано беше со мене – изјави Теми.Додека се лекувала таа ја завршила последната година на обука за медицинска сестра на Универзитетот во Јужен Велс. По болеста продолжи со студиите, а неодамна дипломирала.

Маркетинг

Повеќе нема тумор, но тестовите за крвта ќе треба редовно да бидат испратени во болницата и да се преземат превентивни прегледи, а Ричард и Теми планираат да добијат бебе во наредниот период.

Поврзано

Back to top button