Се прослави со главната улога во „Ѓумуш“ – погледнете како изгледа денес убавата турска актерка
Приказната за љубовта помеѓу Ѓумуш и Мехмет ја следеа повеќе од 85 милиони гледачи, а главните актери благодарение на серијата, Сонгул Оден и Киванч Татлитуг, преку ноќ стекнаа планетарна слава .
Шармантната актерка Сонгул Оден во Турција е позната како театарска актерка и досега има одиграно голем број значајни театарски претстави.
Таа исто така во текот на својата кариера успеа и како модел, снимајќи за некои од најпознатите светски брендови.
Се појави и во неколку филмови, рамо до рамо со најпознатите турски актери Халит Ергенч, Кансу Дере и Езги Асароглу.
Родена е во 1979 година во Дијарбакир (југоисточна Турција), а детството ќе го помине во Анкара. Дипломираше на Турската академија на драмски уметности.
Нејзиното име во превод е назив за еден вид на цвет од ружа па затоа за кратко време убавата актерка стана позната и како „Турската ружа“. Нејзината кариера започна во 2001 година кога ја доби улогата во мини серијата Последна желба, а потоа ќе се појави во бројни серии.
Како сега изгледа убавата Ѓумуш погледнете во продолжение.