Убавата Неслихан Атагул првпат се појави пред камерите во серијата „Кога лисјата паѓаат“, каде што ја глумеше Дениз.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Ѕвездата од Турција родена е на 20 август 1992 година во Истанбул.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Студирала на театарскиот оддел на Универзитетот Џедитепе. Благодарение на улогата во филмот „Ик Аск“ ја доби наградата „Млада актерка која ветува“.
Најпозната е по улогите во сериите „Кара севда“, „Бескрајна љубов“, за која дури во 2017 година доби и Еми награда, како и „Ќерката на амбасадорот“.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Својот иден сопруг го запознала на снимањето на серијата „Фатих Харбије“ во 2013 година, а Кадир Догулу веднаш го освои нејзиното срце.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Двајцата се венчаа три години подоцна на брегот на Босфорот, во градината на познатиот хотел во Истанбул.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Тогаш излегоа низа шпекулации за тоа која е причината поради што на свадбата не дојде нивниот колега Бурак Озчивит, популарниот Бели бег.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Тој рече дека не можел да дојде затоа што бил на патување во Европа со неговата свршеница (денешна сопруга) Фахрије Евџен, но всушност многумина шпекулираа дека причината е конфликтот меѓу Кадир и Бурак.
.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Имено, серијата „Кара Севда“ започна со страсни сцени меѓу главните ликови кои ги толкуваат Неслихан и Бурак, па медиумите на големо пишуваа дека Кадир и Фахрије поради серијата минуваат низ пеколот на љубомората.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Бурак на еден од новинарите му рекол дека тоа е само работа и дека тој и Кадир се добри пријатели (заедно го снимале „Малите тајни“) и дека нема простор за сомнеж. Поради некоја причина, ова го налути Кадир, кој објави коментар на социјалните мрежи:
– Колку овој човек е заљубен во себе! Тоа е многу опасно.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Имаше и шпекулации за развод откако наводно неодамна Кадир Догулу е фотографиран во ноќен клуб со друга жена, а како што објавија дел од турските медиуми, актерот склучил и верски брак со неа.
И двајцата ги негираа овие наводи и рекоа дека меѓу нив се е во ред.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
– Што и да кажам, сите разбираат дека се што е кажано е нереално. Што и да кажам, секој суди и коментира. Сум кажал и пак ќе повторам. Се што се пишува се работи кои не се реални, среќни сме и презадоволни од нашата врска. Нема да се разведуваме – изјави актерката.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
Од друга страна, Кадир рече дека разговара со многу луѓе, всушност со сите што сакаат да разговараат со него.
фото инстаграм/Неслихан Атагул
– Немам друга жена, оженет сум само со Неслихан – низ смеа ги коментираше Кадир наводите дека се оженил со друга
.