Се претвори во ВИСТИНСКА УБАВИЦА: Погледнете како денес изгледа единствената ќерка на Есма, никогаш не изгледала поубаво!
Единствената ќерка на кралицата на ромската музика остава без здив со својата убавина.
Елеонора може да се пофали и со стас и со глас и дефинитивно нема да ве остави рамнодушни.
Кралицата на ромската музика, нашата Есма Реџепова долги години не е повеќе меѓу нас, но сеќавањата на неа не избледуваат.
Таа беше амбасадор на Македонија каде и да одеше, а настапуваше низ целиот свет.
Уште како девојче сонувала да биде пејачка. Сонот ѝ се остварил, а подоцна била крунисана за кралица на ромската музика, позната и ценета во целиот свет.
По нејзиното заминување од овој свет остана само празнина во македонската музичка сцена, која никој не може да ја пополни.
Есма Реџепова имаше 47 синови и само една ќерка, а нејзината наследничка тргна по стапките на својата мајка.
Животот на Есма згасна во 2016 година, а нејзината најголема желба куќата во која живееше да стане куќа музеј, за жал, се уште не е исполнета. Имено, таа и покрај тоа што остави тестамент и имаше желба куќата да остане под заштита на државата и секој да може да влезе во неа, роднините го оспорија тоа и сега се на суд. И додека судењето не заврши, во куќата ништо не се менува, освен што се случија неколку немили настани за кои пишуваа медиумите.
Она што ја интригираше јавноста е тоа дека Есма од вкупно 48 наследници, посвои 47 момчиња и само едно девојче. Имено, Реџепова планирала да посвојува само машки деца, но 5 години пред згаснувањето на нејзиниот живот одлучи да ја посвои Елеонора. Есма беше воодушевена од Елеонора и за неа имаше само пофални зборови.
-Одлично се согласуваме, токму како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежни години е подобро да се има женско дете отколку машко и не се излажав. Елеонора студираше на Универзитетот во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендот кој ме следи, говореше тогаш Есма.
Елеонора започна и соло кариера под името Малиша, но сега повторно настапува заедно со бендот на Есма и ја продолжи мисијата на својата мајка.
Со својот глас успева да ги разбуди најдлабоките емоции кај секој што ја слуша.
Елеонора е среќно мажена во Брисел, каде живее и работи нејзиниот сопруг. Заедно тие двајца отворија и спомен соба во Брисел, во чест на Есма.
Она што мора да се признае е тоа дека Елеонора маѓепсува со својата убавина.
Елеонора може да се пофали и со стас и со глас и дефинитивно нема да ве остави рамнодушни.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение:
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони