Реклама
Новости

Се појави нова Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“, и тоа од тимот на Цеца Ражнатовиќ – нејзиниот изглед никого не остави рамнодушен

Реклама

Викторија и овој пат направи шоу…

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката откако се појави во најпопуларното и најгледаното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ привлекува големо внимание. Таа тоа го прави како со својот изглед, така и со енергијата и изборот на песни, а така беше и овој пат кога со својот провокативен сценски настап ги изненади сите.

Натпреварувачката Викторија Лучиќ и покрај тоа што никого не остави рамнодушен со својот изглед, сепак таа доби помалку гласови од нејзиниот колега Хусеин Спасоља.

Маркетинг

Пејачката од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ изгледаше феноменално кога во провокативното издание се појави на сцената, но со песната „Тукушто оставена“ од Јелена Карлеуша не се снајде баш најдобро и доби само три гласови, додека Хусеин ги освои сите шест гласови од жирито.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

„Очигледно е дека ја промаши песната, мислам дека ова е реална состојба и мислам дека е добро што ја пееш таа втора песна во баражот. Изгледаш како пет милиони долари, ти си нешто што визуелно одговара за Ѕвездите на Гранд, но мора малку да се поработи и на пеењето. Ти посакувам среќа“, и порача Снежана Ѓуришиќ на кандидатката на својата колешка Цеца.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Колегите веќе кажаа се“, ние знаеме каква може да биде Викторија. Навистина се труди, вредна е. Едноставно се случи икс, на сите може да им се сучи. На себе ја преземам одговорноста за ова, таа не е виновна бидејќи навистина матрицата е лошо направена“, заклучи Цеца на крајот.

Маркетинг

Викторија заради тоа што освои малку гласови, мораше да оди во бараж каде Саша Поповиќ одлучи дека поминува во следниот круг.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Таа на сцената носеше провокативен костум со кој го истакна своето тело и никого не остави рамнодушен. Посебно внимание привлече додека играше на сцената, облечена во сино од глава до пети и со насмевка на лицето.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, таа во една од претходните емисии на прашањето дали повеќе личи на Цеца или Карлеуша, самата ќе открие:

„Не можам да одлучам, поблиску сум до Цеца бидејќи го имам тој песок во гласов и доста ме споредуваат со неа, а можам да ги пеам и песните на Карлеуша, иако мислам дека сум поблиску до Цеца. По темпераментот секако сум поблиску до Карлеуша, искрено (се смее)“ изјави Викторија и додаде:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Цеца има неверојатна енергија и пред сé таа е добар човек, се пронајдовме, но бидејќи јас сум рак-шкорпија, ме подига, јас сé би веднаш и сега и тука сум како ЈК“, заклучи таа неодамна за телевизија „Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Фото: Инстаграм/ Викторија Лучиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button