Реклама
Новости

Се појави во мини фустан и го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“ – трансродовата пејачка и овој пат никого не остави рамнодушен

Реклама

Словенката Алина Јухарт и овој пат не можеше да помине незабележано во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа се појави на сцената за да го покаже својот талент, а Саша Поповиќ веднаш стана и учествуваше во нејзиниот настап.

Но и покрај тоа што настапот помина одлично, жирито повеќе гласови му дадода на Алмин Џанковиќ од Сараево.

Маркетинг

По настапот на кандидатите прв со коментар се јави Александар Милиќ Мили кој го критикуваше Алмин додека за Алина имаше само позитивни зборови.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Речиси со идентичен став беше и Вики Миљковиќ која го пофали изгледот на Алина и откри дека е воодушевена од неа.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна Снежана Ѓуришиќ имаше замерка за нејзиното пеење, и покрај тоа што и таа се согласи дека направила добро шоу. Слично мислење имаше и нејзиниот колега, Драган Стојковиќ Босанац, кој и покрај тоа што и ја предложи втората песна на Алина, тој не гласаше за неа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Алина, ти навистина си прекрасна и сето тоа, но на мене повеќе ми се допаѓа Цеца“, коментираше тој, по што Алина веднаш му врати:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ми кажавте минатиот пат да пеам очка и ќе поминам како брз воз. Не знам каде е сега тој брз воз? Но јас знам дека не ми дадовте глас за да пеам повторно“, изјави таа во шега, по што Босанац се надоврза:

„Без разлика на тоа што си добра за шоу и што се потребна тука во оваа гунгула, мора и коњичката да се пее точно. Во оној момент кога ти ќе го пуштиш гласот ти се ќе расипеш, онаа првата песна беше добра. Ова за тебе е само знак за понатаму, ти честитам за трудот, заклучи тој“, по што се вмеша и Цеца:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Барем јас на тебе да ти се заблагодарувам што ни даде глас, ама вака. Каков човек си ти, никаков!“ коментираше таа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потоа се огласи и Ѓорѓе Давид кој уште еднаш подвлече дека Алина не само што му е потребна на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, туку и на целата музичка сцена. Но и покрај пофалбите, Алина мораше да се докажува и во баражот, од каде што сепак успеа да се пласира и да помине во следниот круг.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

 

Извор: Гранд.онлајн, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button