Се појавија стари фотографии од Лила во прегратките на познатиот водител
Водителката сподели ретро фотографии.

Лила покажа како изгледала во 2011 година.
Една од најдобрите водителки кај нас Лила Филиповска може да се пофали дека времето како да запрело за неа.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Здравите навики и континуираната нега ѝ помагаат д го задржи младешкиот изглед и мора да се признае дека изгледа барем 2 децении помладо.
Лила е и една од ретките јавни личности кај нас за кои може да се каже дека самите по себеси се бренд.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Што и да направи таа не може да помине незабележано.
На Инстаграм има 230 илјади следбеници и несомнено е дека од тоа има бенефит.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Соработува со најдобрите брендови кај нас и одлично се снаоѓа и во тој бизнис.
Лила успешно плови во водителските води скоро 3 децении и со нејзиниот лик пораснале многу генерации.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
И понатаму е на врвот, односно една од најдобрите.
На својот Инстаграм профил сподели фотографии од настан на кој присуствувала заедно со својот колега Александар Блажевски, со кој имаше и дует.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
На едната фотографија позира покрај колегата Дамјан Дренковски и стилистот Владимир Трајковски.
Лила е облечена во розов фустан, за кој може да се каже дека и денес е модерен.
Фотографиите се направени во 2011 година, а Лила и ден денес е многу добра пријателка со овие луѓе.