Во Јапонија се шири загриженост од појава на земјотрес и цунами, откако на социјалните мрежи се појавија слики од огромни риби , кои излегле на површина, а живеат во длабоките мориња.
На рибарските мрежи во регионот Тојама се фатени две риби појасовки , односно вкупно седум од почетокот на сезоната. Инаку, овие риби тешко се ловат зашто живеат на длабочина меѓу 200 и 2000 метри во морињата.
Се верува дека на површината испливуваат кога има потреси под морето. Научниците тоа го оспоруваат, иако ваквото верување не доаѓа само од Јапонија, туку и на Филипините , во Мексико и Чиле, земји каде често има земјотреси.
https://www.youtube.com/watch?v=iXO43zY1lWM
Теоријата за нивното претстажување на природните катастрофи била потврдена 2001 во силниот земјотрес во Фукушима, кога заради него и цунамито загинаа 20 000 луѓе. Тогаш во близина на брегот се појавиле десетина појасовки за кус временски период пред катастрофата.