Се појавија најнови симптоми на корона: Еве како да препознаете дека не е обична настинка и веднаш да побарате лекарска помош
Како што коронавирусот се побрзо се шири низ планетата, важно е да се препознаат вистинските симптоми, односно како да се разликува од обичната настинка или грип.
Според Светската здравствена организација најчести симптоми кај вирусот на ковид-19 е суво кашлање, висока температура и потешкотии со дишење.
Симптомите кои на почетокот се благи, но прогресивно се влошуваат слични се на грипот, со една разлика – грипот има пократко време на инкубација, но и краток интевал меѓу појавата на последователни случаи.
Грипот е многу поинтензивен, дури и делува доста драматично со болките во мускулите и зглобовите, а по неколку денови овие симптоми ослабуваа.
Кај коронавирусот почетокот е благ, а симптомите се проследени со сува кашлица и плиток здив и постепено се влошуваат. Покрај овие симптоми се појавува и губењето на сетилото за мирис и вкус.