Реклама
Наши ѕвезди

Се породи една од нашите најпознати водителки и откри од кој пол е БЕБЕНЦЕТО – откри и кое преубаво име го избра за него!

Реклама

Младата македонска водителка соопшти прекрасна вест, честитки пристигнуваат од сите страни.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Јована Аврамовска е водителката која иако многу млада, веќе зад себе има богата кариера и биографија.

Својата кариера ја започна како водител на утринската програма на Сител телевизија.

Маркетинг

Публиката ја обожаваше и веднаш стекна симпатии.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

По извесно време водителката се офлучи за интересна промена.

Маркетинг

Имено, таа стана водителка на проектот „Фчерашни новости“ , финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Така освен водителка стана и актерка, која заедно со останатите од екипата ја забавуваше нацијата која последна ги дознаваше актуелните вести преку емисијата „Фчерашните новости“!

Сепак, Јована не запре овде.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Амбициозната девојка направи драстичен чекор, па се вмеша и во политиката.

Имено, таа му стана портпарол на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски.

Таа дипломирала на Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што професор ѝ бил тогаш актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Но, со доаѓањето на друга власт во земјава се промени и целата постава во министерството.

„Денеска Собранието ја гласа реконструкцијата на Владата, со која се разрешува според моето необјектвино, но верувам реално размислување најдобриот Министер за финансии, Драган Тевдовски. Ми беше чест да бидам дел од тимот заедно со луѓе како Виктор Митевски, Рилинд Кабаши, Нена Манчев Трајковска и Бранимир Јовановиќ. Она што го научив од нив и со нив не можат да го платат ниедни пари.

ПР тимот неуморно работеше за на јавноста да и ги доближи мерките на Министерството, кои и не се секогаш лесни за разбирање. Во времиња на подем на лажни вести, дезинформации, полу-информации, и сензационализам, овој тим успеа да остане доследен на точно и етично информирање. Мислам дека поставивме нови стандарди на разбирање на финансиите и на фискална транспаретност и ќе се радувам на сите идни успеси на моите колешки и колеги.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Министерството за финансии има вработени кои работат посветено и професионално и среќна сум што сум била дел од најквалитетната државна институција.

Исто така денеска во Собраниска процедура влегува и последниот закон од Владината програма кој беше насочен директно кон граѓаните, а е во надлежност на Министерството за финансии. Повратот на 15% од платениот ДДВ, или „Мој данок, моја заштеда“.

Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде”, напиша таа тогаш на Фејсбук.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Така Јована се врати на својата прва љубов, Фчерашни новости.

Во меѓувреме, убавата водителка стапи во брак со нејзиниот долгогодишен псртнер Предраг Николовски.

Оние кои ги познаваат велат дека Предраг ѝ е најголема поддршка на Јована во се што работи.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Нивните блиски велат дека тие се познавале долги години пред да започнат љубовна врска.

Периодов им се случи најубавото нешто што може еден пар да го доживее.

Имено, Предраг и Јована станаа родители.

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Тие го добија своето прво чедо.

Како што водителката сама објави на социјалните мрежи, тие добиле синче.

Парот се одлучил за многу убаво, православно име – Илин.

Честитки!

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска
Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Фото: Инстаграм / Јована Аврамовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button