Реклама
Новости

Се породи девојката на српската премиерка. Детето е машко, а откриено е и како ќе се вика

Реклама

Милица Ѓуриќ партнерката на претседателката на владата на Србија, Ана Брнабиќ, се породи вчера.

„Милица Ѓуриќ роди момче, и породувањето помина во најдобар ред”, открија за српскиот весник Блиц од кабинетот на премиерката. Според нивните информации, Ана и Милица на момчето му го дале името Игор.

Маркетинг

Веста дека Ана Брнабиќ со својата партнерка очекуваат дете се појави на почетокот од овој месец кога сите беа изненадени, бидејќи премиерката и нејзината девојка која по професија е докторка, го држеа нивниот однос подалеку од очите на јавноста. Како што пишува BBC на својот портал, српското општество е конзервативно и хомофобично, и потсетува дека во Србија исто така е забрането усвојување деца во семејства со истополови партнери додека самците тоа го можат без разлика на сексуалната ориентација.

Маркетинг

Инаку, прашањето за родителството за истополовите заедници во Србија не е законски регулирано. Србија нема закон за истополови заедници, па така Милица ќе биде мајка, а во графата каде што треба да стои името татко, нема да стои Ана, а со тоа премиерката и нема да има никакви права над детето. Прашањето е дали таа како премиерка ќе ги искористи своите привилегии и врски, но нема ништо што може легално да се направи. Ако на Милица и се случи нешто, детето треба да оди кај нејзините родители. Ана во оваа ситуација законски не може ништо да направи. Доколку Милица се породеше надвор од земјата, во држава која признава истополови партнерства и две мајки. но, тоа повторно не би важело во земја во која не се признати истполовите бракови.

Македонија и истополовите бракови

Што се однесува до Македонија, во новиот прелог закон за спречување и заштита од дискриминација, според здружението на граѓани „Традиционално семејство“, не се опфатени неколку точки, со што, според нив се врши директен упад во институцијата брак исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена. Од здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството и уништување на институцијата брак.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button